Жените во доцната антика и раното христијанство: гласовите и делата на „замолкнатото“ малцинство

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871133v

Клучни зборови:

ЖЕНИ, ДОЦНА АНТИКА, РАНОХРИСТИЈАНСТВО, ДЕДИКАТОРСКИ МОЗАИЦИ

Апстракт

Статусот на жените во доцната антика и раното христијанство е инспи-
ративна тема за дебатирање во последните неколку децении. Новиот завет е полн
со текстови кои сведочат за вклученоста на жените во ранохристијанските оп-
штини. Во Посланијата на св. Павле тој ги поздравува жените, им се обраќа како со-
работнички, ѝ се обраќа на една од нив како на ѓакониса, дури една нарекува и Апос-
тол. Овој текст прави еден кус осврт на улогата и позицијата на жените во анти-
ката, кој спореден со подоцнежната анализа на нивното место во ранохристијан-
скиот свет најдобро ќе покаже дали и колку новата религија влијаела врз нивната,
да употребиме тука еден излитен модерен збор, еманципација. Во контекст на ова,
проучуваме и неколку примери на дедикаторски мозаици од археолошките локали-
тети во Република Македонија.

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Жените во доцната антика и раното христијанство: гласовите и делата на „замолкнатото“ малцинство. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 121-143. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871133v

Најчитани трудови од истиот автор(и)