ИСТОРИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, КАРТИ, СТАТИСТИКА, ПРОПАГАНДА - ГРЦИЈА И ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА BO XIX ВЕК

Автори

  • Далибор Јовановски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1669105j

Клучни зборови:

МАКЕДОНИЈА, ГРЦИЈА, КАРТИ, СТАТИСТИКА, ПРОПАГАНДА

Апстракт

Појавата на Големата идеја, која е поврзана со говорот на Јоанис Колетис 60 Грчкото собрание ео јануари 1844 година, предизвикала голема промена во однос на грчките територијални аспирации кон Османлиската Империја, која била единствениот сосед на Грција cè дo 1912 година. Македонија, која била дел од османлиската држава, станала цел на грчките територијални аспирации. Појавата на Големата идеја довела и до промена во толкувањето на минатото од страна на грчките интелектуалци. Па така, античка Македонија, која била сметана за окупаторска сила на стара Грција, наеднаш станала дел од грчкото минато. Слично ce случило и со Византија. Во Грција започнал еден период во кој ce печателе статистики и карти со една цел - да ce покаже дека во Македонија преовладувало грчкото население. Меѓутоа, тоа било далеку од вистината. Зamoa воопшто не било изненадување формирањето на Атинското здружение за
ширење на грчката писменост. Исто така, не било изненадување ниту, пак, финансирањето на неговата активност од страна на грчката држава. Секако, најголемиот дел од средствата биле одвојувани за Македонија.

Преземања

Објавено

2016-12-16

Како да се цитира

ИСТОРИЈА, ОБРАЗОВАНИЕ, КАРТИ, СТАТИСТИКА, ПРОПАГАНДА - ГРЦИЈА И ОСМАНЛИСКА МАКЕДОНИЈА BO XIX ВЕК. (2016). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 69(1), 105-119. https://doi.org/10.37510/godzbo1669105j

Најчитани трудови од истиот автор(и)