ЗАЛОЖНИШТВОТО НА ДАМЕ ГРУЕВ КАЈ ПРОСРПСКИОТ ВОЈВОДА МИЦКО

Автори

  • Ванчо Ѓорѓиев Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

ДАМЈАН ГРУЕВ, МИЦКО КРСТЕВСКИ, МАКЕДОНИЈА, ЧЕТИ, ПРОПАГАНДА, ЗАЛОЖНИШТВО

Апстракт

По Илинденското еостание (1903 г.) во Македонија дошло до промена во начинот на пропагандното дејствување на соседните балкански држави. Дотогашните црковни и културно-просветни пропаганди добиле вооружен карактер со ангажирање на чети. Ha тоа ce спротивставила ТМОРО, која не допуштала паралелно егзистирање на туѓи чети во Македонија. Тоа довело до отворен конфликт меѓу четите на ТМОРО u туѓите пропаганди чети. Последиците од тоа биле катастрофални не само за македонското население, туку и за македонското ослободително движење.
Во 1904 година со директна поддршка на српските власти во Македонија ce појавиле првите српски чети кои биле составени од месни луѓе. Една таква српска чета под водство на Мицко Крстевски во октомври 1904 година успела да го заплени ранетиот Дамјан Груев (најекспониран раководител на ТΜΟΡΟ). Meѓyтoa, пo заканите од ТМОРО, српските чети нe ce осудиле Груев да го предадат на турските власти, ниту пак, да го
ликвидираат. По едномесечно заложништо Дамјан Груее бил ослободен. Овој настан бил искористен во прсопагандни цели за етаблирање на српската вооружена пропаганда во Македонија.

Преземања

Објавено

2010-12-16

Како да се цитира

ЗАЛОЖНИШТВОТО НА ДАМЕ ГРУЕВ КАЈ ПРОСРПСКИОТ ВОЈВОДА МИЦКО. (2010). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 63(1), 333-347. https://doi.org/10.37510/

Најчитани трудови од истиот автор(и)