ВИЗАНТИЈА И СЛОВЕНИТЕ ОД ОКОЛИНАТА НА СОЛУН BO VII ВЕК
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
СЛОВЕНИ, ВИЗАНТИЈА, ПРЕСЕЛБИ, ОДНОСИ, ВОЈНА, МИР, ХАЦОН, ПРЕБОНД, СОЈУЗИ, ПРЕГОВОРИАпстракт
Седмиот век во односите на Словените од околината на Солун со Византија претставува пресвртница. Tue односи ce односи на две политички страни. Словените истапуваат како политички субјект кој го имал регулирано својот престој во Македонија и кој настојува дa ja отстрани византиската власт од единствената нејзина воена база во Македонија. Во тие свои акции Словените претежно дејствувале сојузени повеќе племиња, a во еден случај (618 год.) имале помош од Аварите.
Во текот на воените операции на Византија против Словените во Македонија, посебно од 658 Година дошло до
склучување на мир и најверојатно „рексот Пребонд“ бил признат за „ крал на своите Словени a тој од своја страна по примерот на Теодорих Остроготски ce обврзал да дејствува во правец на затврдување на централната власт во Македонија. По извесно време Пребонд бил осомничен дека крои ,,зли “ планови против Солун, потоа при неговиот престој во Солун бил фатен и одведен во Цариград. Следувало слоеенско пратеништво до управникот на Солун и мешовито пратеништво на видни Солунчани и Словени кај византискиотг император за преговори да ce ослободи Пребонд. Сето тоа укажува на регулирани односи на два политички субјекта-Византија и Словените.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Александар Атанасовски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.