ДВА ЧЕСТИТА ПРСТЕНА - ПЕЧАТНИКА НА НЕИДЕНТИФИКУВАНА ЛИЧНОСТ ОД XVI ВЕК ОД ВОДОЧА
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
НЕКРОПОЛА ОД ВОДОЧА, ПРСТЕНИ-ПЕЧАТНИЦИ, ВИТЕШКИ РЕД НА ЗМЕЈОТ, ОСМАНЛИСКО ТУРСКИ НАТПИС, ТУРСКИ ПОПИСНИ ДЕФТЕРИАпстракт
Гробот 489 од Водоча со својот необичен инвентар: нож, делови од бакарни копчиња од поквалитетна облека и особено, двата прстена со печатш нуди провокативна стори- ја за една значајна и контроверзна личност od XVI век. Сл. 1, 2
Прстеиот најден на десната рака, Сл 3, 4 според местото на употреба (на показалецот) витеилкиот облик и печатот во вид на змеј со раширени крилја, покажува дека покојникот имал честито, витешко потекло.
Витешкиот ред на змејот формиран од унгарскиот крал во 1408 имал за цел борба против антихристот и наездата на Турците. Витезите од првиот степен (кралеви, деспоти, херцози, војводи и др. крупни феудалци) имале привилегија да ,, врачат витештво “ на уште 50 свои избраници.
Во текот на XV век некој „племенит“ човек од овие области ce здобил со вакво витештво. Негов потомок од второ или трето колено (судејќи по излижаноста на прстенот од долготрајна употреба) бил погребен со оваа инсигнија во гробот 489 во Водоча.
Истовремено на левата рака, кај овој покојник најден е речиси „нов “ заветен прстен од XVl век со османлиско турски печат во кој ce споменува името Мохамед. Сл. 5-7
He е без основа претпоставката, личноста што го дарувала овој заветен прстен да ce идентификува со Мухамед Ибрахим споменет во турските пописни дефтери од XVI век, во селото Водица (Водоча), од казата Струмица, во Ќустендилскиот санџак.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Елица Манева

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.