ТРИСТА ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КАРЛО ГОЛДОНИ (1707-1798) - АВТОРОТ НА КОМИЧНАТА ХРОНИКА HA СВОЈАТА ЕПОХА

Автори

  • Татјана Филиповска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/

Клучни зборови:

КАРЛО ГОЛДОНИ, ΠЈΕΤΡΟ ЛОНГИ, BEНEЦИJA, KOMEДИJA, KOMEДИJA ДЕЛ APTE, СЦЕНА, СЛИКАРCTBO

Апстракт

Оваа година ce навршуваат три века од раѓањето на прочуениот венециски комедиограф Карло Голдони (1707-1798), човекот ko] бил сведок на речиси целото столетие на Πpoсвeтителството. До средината на XVIII век тој веќе наголемо работел на реформирањето на познатата Комедија дел арте и јавно ja изразувал својата приврзаност и симпатии кон современиот венециски жанр - сликар Пјетро Лонги и неговата „четка која ja бара вистината", нагласувајќи ги меѓусебно блиските ставови со идејата за „Музите-сестри". Напоен на истиот извор на инспирација како неговиот пријател сликар, Голдони ce осврнал на меѓукласните односи, семејството, обичаите, модата, моралот, забавата и општествените проблеми со средства достапни на комедијата, покажувајќи дека ja гледа Венеција со ироничниот поглед на Лонги. Реформирањето на комичниот театар значело и промени во рамките на комичната традиција „дел арте“, со цел да ce истакнат реалистичките елементи за сметка на буфонескните акробации и вулгарни досетки, импровизиграни од актерите во отсуство на прецизно утврден дијалог. Голдони од маските создал типизирани ликови, кои играат според прецизно утврдено сценарио и со тие чекори успеал од комедијата и комичната опера да создаде театарски жанрови достојни за почит, каква дотогаш уживале трагедијата и класичната опера. Навлегувајќи во реалните проблеми на градскиот живот тој, како и сликарот Пјетро Лонги, ja привлекол венециската публика и наспроти непријателски настроената конкуренција, ce здобил со бројни признанија. Угледот, популарноста и безвременската духовитост кои Голдони како „сликар" на епохата ги предизвикува до денес, го потврдуваат неговото значајно место во светската комедиографија.

Референци

Преземања

Објавено

2007-12-16

Како да се цитира

ТРИСТА ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА КАРЛО ГОЛДОНИ (1707-1798) - АВТОРОТ НА КОМИЧНАТА ХРОНИКА HA СВОЈАТА ЕПОХА. (2007). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 60(1), 397-418. https://doi.org/10.37510/

Слични трудови

1-10 од 12

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)