ФИЗИОЛОШКИ НАРУШУВАЊА КАЈ АУТИЗМОТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
АУТИЗАМ, ФИЗИОЛОШКИ НАРУШУВАЊА, НЕВРОЛОШКО НАРУШУВАЊЕАпстракт
Аутизмот е невролошко нарушување што ja лимитира можноста на лицето да функционира нормално. Бихејвиоралните нарушувања, социјалните ограничувања, нарушувањата во сензорното процесирање и нарушената можност за комуникација ce главни проблеми кај ова мултифакториелно нарушување. Зголемената стапка на аутизмот што ce среќава во епидемиолошките студии води кон заклучок за важноста на надворешните или средински фактори.
Целта на трудот е да га прикаже сите достапни литературни податоци за физиолошките иарушувања кај лицата со аутизам.
Етиопатогенезата на аутизмот cè уште е нејасно дефинирана, но веројатно повеќе средински фактори поврзани со наследноста заедно играат главна улога. Децата со аутизам често имаат физиолошки нарушувања. Нарушувањата на сулфоксидацијата и сулфурирањето можат дa ja компромитираат детоксикацијата во црниот дроб што придонесува до високо оптоварување со ксенобиотици. Нерамнотежата во односот бакар/цинк укажува на оштетување на металотионеин што може негативно да ce одрази на сулфурниот метаболизам во детоксикацијата и интегритетот на цревната слузница. Зголемената цревна пропустливост ce манифестира како дисбиоза, нетолеранција кон храна и интоксикација со егзорфини (опиоиди).
Нарушувањата во имуниот систем опфаќаат растројства во продукцијата на антитела, нарушени T клеточни подкласи, ненормални цитокински профили и останати нарушувања усогласени со хронично воспаление и автоимуност.
Во овој труд исто така ce дискутираат докази за токсичност, оксидативен стрес и можното вклучување на Глутатионот кај аутизмот. На крајот, прикажани ce нарушувања на коагулацијата и на минералипле.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Владимир Трајковски

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.