МОРАЛНАТА СЕБЕПЕРЦЕПЦИЈА НА АДОЛЕСЦЕНТИТЕ

  • Ана Фрицханд Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: МОРАЛНА СЕБЕПЕРЦЕПЦИЈА, МОРАЛНИ ВРЕДНОСТИ И ДОБЛЕСТИ, АДОЛЕСЦЕНЦИЈА, АСОЦИЈАЛНО И АНТИСОЦИЈАЛНО ОДНЕСУВАЊЕ

Апстракт

Во трудот ce испитуваат разликите во моралната себеперцепција кај адолесценти со различна возраст, пол, со и без манифестирано асоцијално и антисоцијално однесување и адолесценти кои живеат во домови за деца без родителска грижа, односно оние кои живеат со своите родители кои ce во брак. Вкупниот број испитаници изнесува 260, од кои 92 ce од женски пол, a останатите 168 ce машки. Просечната возраст на испитаниците од рана адолесценција изнесува 14,5 години, од средна адолесценција 17,7 години, a од доцна адолесценција изнесува 21,4 години. Сите испитаници ce Македонци, со православна вероисповест. Добиените резултати покажуваат дека повозрасните адолесценти почесто ги бираат моралните вредности и одредени доблести како централни и поважни за нивната морална себеперцепција. Адолесцентите кои манифестираат асоцијално и антисоцијално однесување, како и оние кои живеат во домови за деца без родителска грижа поретко ги избираат моралните вредности и одредени доблести, како централни и значајни за нивната морална себеперцепција, за разлика од нивните врсници кои не манифестираат такво однесуеање, односно кои живеат со своите родители кои ce во брак. He е најдена разлика помеѓу машките и женските адолесценти во однос на изборот на моралните вредности како централни и значајни за нивната морална себеперцепција. На крајот од трудот ce наведени некои насоки за идните истражувања во овој домен на моралноста.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2012-12-14

##plugins.generic.recommendByAuthor.heading##