ЕТНОДЕМОГРАФСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО БРЕГАЛНИЧКИОТ (ШТИПСКИОТ) ОКРУГ ВО ПЕРИОДОТ 1913-1918
Апстракт
Во текот на Втората балканска војна, српската војска ja заземала долината на реката Брегалница. По завршувањето на воените дејствија u потпишувањето на Букурешкиот договор во 1913 година бил формиран Штипскиот округ. Административниот центар ce наоѓал во градот Штип. Во јануари 1914 година Штипскиот округ бил преименуван во Брегалнички. Според официјалните пописнини податоци во 1913 година во Брегалничкиот округ живееле 101.442 жители, што претставува значајно намалување на вкупниот број на население во
споредба со периодот непосредно пред балканските војни. Главната причина за
намалувањето на бројот на населението било иселувањето на турското, односно муслиманското население после 1912 година. Есента 1915 година во вардарска Македонија била воспоставена бугарска управа. Министерството за внатрешни
работи и народно здравје на Бугарија во 1917 година објавило брошура со наслов „Список на населените места во Македонија, Моравско и Одринско. Според овие податоци кон штипскиот округ биле придодадени кавадарската и неготинската околија. Вкупното население на округот во 1917 година изнесувала 138.430 жители. Со цел за подобра споредба со податоците од претходните години доколку го одземеме бројот на жителите од споменатите кавадарска и неготинска околија вкупно 36.204 жители, во штипскиот округ живееле 102.228 жители.
По воспоставувањето на еласта на Кралството на СХС, во 1921 година бил спроееден npeuom norme на населението. Според овие податоци во брегалничкиот округ кој ги задржал границите од 1913 година, живееле 104.347 жители. Објавените податоци од пописот во 1921 година со својата деталност помагаат при споредбеното анализирање на структурата на населението на просторот на Македонија
кој бил под власт на КСХС во однос на периодот од последната деценија од османското владеење, како и во време на балканските и Преата светска војна.
Downloads
Авторски права (c) 2016 Борче Илиевски

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.