ПСИХОМЕТРИСКИ КАРАКТЕРИСТИКИ НА ИНВЕНТАРОТ НА АМБИВАJIEHTЕН СЕКСИЗАМ И МОЖНОСТИТЕ ЗА НЕГОВО КОРИСТЕЊЕ
Апстракт
Истражувањето е фокусирано на емгшриска проверка на внатрешната структура на исклучително популарниот инструмент за
мерење на амбивалентниот сексизам кој со децении успешно ce користи како адаптирана верзија во повеќе култури. Инвентарот на амбивалентен секзсизам на Глик и Фиск е преведен со користење на техниката на вратен превод, јазично е адаптиран, a потоа со помош на експлораторна факторска анализа на примерок од 482 испитаници на возраст од 18 до 60 години од 20 града во Македонија, неговата внатрешна структура е споредена со таа која е теориски предложена и е емпириски добиена во првата валидациска студија. Наодите од анализата покажуваат дека, генерално, конструктот наречен амбивалентен сексизам е потврден како сличен и за оваа популација, но и тоа дека постојат одредени разлики во тоа како ce структурирани супскалите на скалата Беневолентен сексизам која е дел од инструментот.
Downloads
Авторски права (c) 2014 Николина Кениг

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.