ФЕМИНИСТИЧКО НЕКАНОНСКО ПРЕПРОЧИТУВАЊЕ НА ПЛАТОНОВАТА ФИЛОЗОФИЈА

Клучни зборови: ПЛАТОН, ФЕМИНИЗАМ, ИСТОРИЈА НА ФИЛОЗОФИЈАТА, КАНОН, ИРИГАРЕЈ, КАВАРЕРО

Апстракт

Преосмислувајќи ги задачите и методите на историјата на филозофијата, притоа сфаќајќи ja како дел од потрагата no вистините
и решенијата на нашите сегашни проблеми и недоумици, феминистичката историја на филозофијата отвора нови насоки во читањето на
филозофските текстови. Главно инспирираии од постмодернистичкиот и психоаналитичкиот дискурс, авторките Иригаре и Кавареро го
препрочитуваат Платоновиот текст, преку откривање наталожени значења од доминантниот маскулинистички, мизогиниски пpucmaп. Со
читањето на алегоријата на пештерата како матка, релегитимацијата на смртната телесна љубое во говорот иа Диотима во „Гозба“ крадењето на женските ликови застапени во дијстозите од патријархалниот дискурс во кој биле заробени со векови со цел да ce укаже на сексуалната разлика и на првенството на раѓањето, феминистичките иитерпретации го нагласуваат значењето на „непомисленото“ ( кое лежи под идеите кои ce изнесени на површината на Платоновтпе дијалози. Дали феминистичката интерпретација ja прави истата грешка со повторното канонизирање на интрепретативните феминистички принципи, е прашање кое го отвора овој текст.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-12-16