ВРЕМЕНСКАТА ПЕРСПЕКТИВА KAKO ПРЕДИКТОР НА СУБЈЕКТИВНАТА БЛАГОСОСТОЈБА КАЈ МАКЕДОНСКИТЕ СТУДЕНТИ

  • Елена Ачковска Лешковска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје https://orcid.org/0000-0002-8140-030X
  • Марија Штерјовска Филозофски факултет, УКИМ, Скопје
Клучни зборови: ВРЕМЕНСКА ПЕРСПЕКТИВА, СУБЈЕКТИВНА БЛАГОСОСТОЈБА, ЗАДОВОЛСТВО ОД ЖИВОТОТ, ПОЗИТИВНИ АФЕКТИ, НЕГАТИВНИ АФЕКТИ, СТУДЕНТИ

Апстракт

Субјективната благосостојба, како и конструктите што ce поврзани со неа ce малку истражувани во македонскиот културен контекст. Целта на оваа студија беше да ce утврди дали субјективната благосостојба кај македонските студенти може да ce предвиди врз основа на доминантната насоченост на нивното мислење кон минатото, сегашноста и иднината. Учесници во истражувањето беа 252 студенти на возраст од 18 до 27 години. За мерење на петте фактори на временската перспектива беше користен ZTPI, когнитивниот аспект на субјективната благосостојба беше мерен со SWLS, a со PANAS беа добиени податоци за нејзиниот афективен аспект. Резултaтuтe покажаа дека студентите со сентиментална насоченост кон минатото и со хедонистичка ориентација кон сегашноста ce позадоволни од животот и почесто доживуваат позитивни емоции. Наспроти нив, оние чие мислење е насочено кон негативното минато ce помалку задоволни од животот и доживуваат повеќе негативни емоции. Добиена е и значајна позитивна поврзаност помеѓу ориентацијата кон фаталистичката сегашност и негативните афекти, како и помеѓу ориентацијата кон иднината и задоволството од животот. Наодите ja потврдија релевантноста на временската перспектива за субјективното доживување на благосостојбата кај македонските студенти, при што како значајни предиктори ce издвоија насоченоста кон позитивното минато и кон хедонистичката сегашност, како и избегнувањето навраќања кон негативното минато.

Downloads

Download data is not yet available.
Објавено
2013-12-16
Како да цитирате