СОДРЖИНИТЕ НА КОМУНИСТИЧКАТА АГИТАЦИЈА И ПРОПАГАНДА ОД ВОСТАНИЕТО ДО СЛОБОДАТА (1941-1944)
Апстракт
Трудот ги анализира основните содржини на агитацијата и пропаганда на Комунистичката Партија на Југославија (Македонија) во периодот на Народноослободителната борба (1941-1944) во вардарскиот дел на Македонија. Оваа организирана дејност, низ печатените материјали и усните говори на партиските активисти, одиграла една од клучните улоги во планското насочување на акумулираната револуционерна енергија на македонскиот народ кон реализација на краткорочните и долгорочните цели на КПЈ. Во рамките на општојугословенската матрица, содржините на партиската агитација и пропаганда во Македонија имале свои специфичности, меѓу кои најважна била доминацијата на националната над класната компонента.
Downloads
Авторски права (c) 2012 Виолета Ачкоска

Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.