ОДЛУЧУВАЊЕТО НА МЕНАЏЕРИТЕ ВО ФУНКЦИЈА НА РАЗВОЈ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Клучни зборови:
образование, задолжително, менаџирање, функција, одлучувањеАпстракт
Образованието претставува стратешки сектор во развојот на секое општество, оној кој се занимава со менаџирање во образованието мора да си стави јасно до знаење, која е основата на неговото разбирање на двата поима -менаџирање и образование.
Процесот на одлучување (Dеcisionmaking) е сложена и одговорна функција, без разлика дали одлучувањето го практикува менаџерот како поединец или управниот одбор, како колективен орган.
Способноста за одлучување е една од најважните карактеристики што треба да ја поседува секој современ менаџер, таа претставува совремeна менаџерска способност за селектирање на тековни акции, со намера да се решат конкретни проблеми или повеќе проблеми.
Процесот на одлучување и во воспитно-образовниот процес опфаќа повеќе фази: Јасно дефинирање на проблемот, Прибирање информации, Интеграција на информациите, Формулирање на решенија, Селекција на најдоброто практично решение, Примена на решенијата, Оценка на корисноста од решенијата.
Менаџирањето со одлуките во задолжителното образование е сериозен и сеопфатен процес при кој менаџерот ги спроведува одлуките од МОН, одлуките од централно ниво, интерните одлуки и при тоа директно влијае врз развојот на образовниот систем на Република Македонија.