МОЖНОСТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА ОД ЖИВОТНИ ЗАБОЛЕНИ ОД БРУЦЕЛОЗА POSSIBILITIES FOR PRODUCTION OF FOOD FROM ANIMAL DISEASED BY BRUCELLOSIS

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Miki Dimov

Апстракт

Бруцелозата е заразна болест на домашните животни и човекот предизвикана од повеќе видови бактерии од родот Brucella. Болеста претставува сериозна јавна здравствена опасност. Преваленцијата на болеста бруцелоза кај овците и козите во Република Македонија во периодот пред 2008 година, односно пред воведувањето на мерката вакцинација имала тренд на зголемување (2,25% во 2005 година - 6,51% во 2007 година). Од 2008 година, по воведувањето на мерката вакцинација на овците и козите, преваленцијата на бруцелозата бележи континуирано намалување (0,03 до 0,1%). Бруцелозата кај луѓето во Република Македонија, во епидемиска форма, за прв пат била регистрирана во 1980 година а највисока преваленција на болеста е евидентирана во 1992 година. Најголема преваленција на бруцелоза кај луѓето е регистрирана во општините Радовиш (7,88%) и во Валандово (3,99%), во општините Велес, Гевгелија, Кавадарци, Прилеп, Струмица, Штип и Тетово таа изнесувала од 0,96 до 1,57%, додека во останатите општини преваленцијата на болеста била пониска (0,30 – 0,57%). Сузбивањето на бруцелозата е законски регулирано со Програма за сузбивање и искоренување на болеста бруцелоза кај овците и козите (Службен весник на Р.М бр. 46/10 и 108/14). Животните болни од бруцелоза може да се заколат во санитарни кланици кои мора да ги исполнуваат општите и посебните барања согласно законските и подзаконските регулативи во Република Македонија, а кои се однесуваат на безбедноста на храната за исхрана на луѓето. Процентот на заклани овци и кози во однос на потврдените случаи се движи од 62,64% во 2006 година до 132,27% во 2014 година. Месото од заклани заболени овци и кози, кое служи како суровина за добивање на производи од месо, задолжително се подложува на термичка обработка. Производи кои најчесто се добиваат од животните заболени од бруцелоза се некои видови се виршли и салами. Ваквите производи подлежат на строга контрола при целиот производен процес и истите се безбедни за конзумирање од страна на луѓето.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Articles

Референци

АХВ. (2008). Правилник за посебните барања за храната од животинско потекло. „Сл. весник на РМ“ 115/2008.
АХВ. (2014). Програмата за сузбивање и искоренување на болеста бруцелоза кај овците и козите „Сл. весник на РМ“ 108/14.
АХВ. (2015). Закон за безбедност на храната. „Сл. весник на РМ“ бр.123/2015.
Doganay, M., Aygen, B. (2003). Human brucellosis: an overview. Int J Infect Dis, 7: pg. 173-182.
Donev, D., Karadzovski, Z., Kasapinov, B., Lazarevik, V. (2010). Epidemiological and public health aspects of brucellosis in the republic of Macedonia. Prilozi, Odd. biol. med. nauki, MANU, XXXI, 1, s. pg. 33–54.
ИЈЗ (National Institute of Public Health–Skopje). (2010). Report on implementation of the Programme on examining of appearance, prevention and control of brucellosis in humans in the Republic of Macedonia in 2009.
McDermott, J., Grace, D., Zinsstag, J. (2013). Economics of brucellosis impactand control in low-income countries. Rev. Sci. Technol. Off. Int. Epiz.32 (1), pg. 249–261.
Taleski, V., Zerva, L., Kantardjiev, T., Cvetnic, Z., Erski-Biljic, M., Nikolovski, B., et al. (2002). An overview of the epidemiology and epizootology of brucellosis in selected countries of Central and Southeast Europe. Vet Microbiol; 90: pg. 147–155.
Трајчев, М., Наков, Д. 2010. Микробиологија со заразни болести, учебник за III година Земјоделсковетеринарна струка, профил: ветеринарен техничар. Министерство за образование и
наука на Република Македонија, ISBN 978-608-226-215-4.