КАРАКТЕРИСТИКИ НА БЕЛИ ВИНСКИ ХИБРИДНИ СОРТИ CHARACTERISTICS OF WHITE WINE HYBRID VARIETIES
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Лозарството е една гранка од хортикултурата која се занимава исклучиво со одгледување на виновата лоза Vitis. Виновата лоза за разлика од другите земјоделски култури рентабилно се одгледува на едно место подолг временски период. Промена на една сорта во насад ги отежнува специфичните карактеристики кои произлегуваат од самиот карактер на лозјето. Подигнувањето на нов лозов насад трае долги години и притоа чини многу пари. За да се вратат вложените средства и труд треба да поминат најмалку 3 до 4 години за лозата да биде во полн род. Со подигнувањето на нов насад треба да се работи бавно и промислено. Треба да се внимава на изборот на местоположба односно да има минимални зимски температури, отсуството на мразеви, да се сади на почви со растресита структура, средна плодност како и добра површна и внатрешна дренажа.Како материјал за работа ги користевме белите вински сорти Мила, Лиза, Петра и Злата кои се хибриди помеѓу европската лоза Vitis Vinifera и источно-азиската лоза Vitis amurensis, чија карактеристика е отпорноста на ниски зимски температури и кратка вегетација. Врз основа на определените просечни вредности на механичките својства од хибридните сорти (214,52g маса на грозд; 149,43 број на зрна; 13,27mm должина на зрна; 12,76mm ширина на зрна; 165,70g маса на 100 зрна; 2,26g најголемо зрно ) сортата Злата се одликува со поголема маса на грозд, како и поголеми карактеристики на зрната во однос на другите сорти Мила, Лиза и Петра.При испитувањето сортата Мила концентрира 246,00g/l шеќери, но со помала концентрација на вкупните киселини со 6,70g/l. Во споредба, сортата Лиза со испитувањето покажа малку помала концентрација на шеќери 240,00g/l, но со поголема концентрација на вкупните киселини со 7,20g/l. Сортите се погодни за одгледување на терени каде постојат опасности од измрзнување заради нивната одлична отпорност на ниски зимски температури и одредена отпорност на криптогамски билести.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Референци
Cindrić, P., Korać N., Kovać V. (2000) Sorte vinove loze, Novi Sad Korać N., Cindrić P., Paprić D., Kuljanćić I., & Medic M. Rezultati 50 – Godisneg rada na stvaranju novih sorti I klonova vinove loze u
Sremska Karlovcima(1999) Zbornik nauunih radova, Vol.11 br.5 (2005) 5-22 str.
Настев, Драган. Технологија на виното. Универзитетска печатница, Скопје, 1984 str.85; 114-151.
Terral J.F. et al. “Evolution and history of grapevine (Vitis vinifera) under domestication: new morphometric perspectives to understand seed domestication syndrome and reveal origins of ancient European cultivars”. Публикувано 2009, 443-455, 19.11.2015.
http://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PM C2826248/
Вајн Ричард П., Харкенс Елен М. & Линтон Сели Џ. Производство на вино: од лозје до пазар. Превод од англиски Валентина Стојановиќ. Скопје, Арс ламина, 2012