ЕТИКАТА ВО ТЕРЕНСКИТЕ ИСТРАЖУВАЊА НА ЈАЗИКОТ
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Секое истражување на одреден терен и секој истражувачки пристап, без исклучок, носат низа предизвици, како за истражувачот така и за истражуваните поединци. Со започнувањето на теренското истражување, истражувачот се соочува со повеќекратна одговорност: кон истражувачката средина, односно истражувачкиот субјект, кон истражувачката заедница на која ѝ припаѓа, како и кон самиот себе. Во тој контекст се актуализира прашањето за истражувачката етика. Тоа подразбира дека со истражувањата не се нанесува никаква (намерна или ненамерна) штета како последица, а од истражувачите се очекува разбирање и почитување кон истражуваните поединци и општествени групи. Целта на овој труд е да ги прикаже етичките аспекти и проблеми со кои се соочуваат истражувачите при лингвистичките теренски истражувања, а притоа, во фокусот на интерес се поставува оваа проблематика на теренот на македонскиот јазик. Имајќи предвид дека методите и принципите на теренската работа што се користат во јазичните проучувања им се мошне блиски на методите на теренска работа во повеќето хуманистички науки, текстот во одредена мера се осврнува и кон етичките аспекти што се заеднички за овие научни подрачја. Фундаментално за етичноста во истражувањето е осигурувањето дека испитаниците влегуваат во него свесно и по своја желба. Добивањето нивна согласност треба да биде процес на воспоставување и одржување обострана доверба.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Донев, Д. (2018). Вовед во етиката. Скопје: Универзитет „Св. Кирил и Методиј“.
Панзова, В. (2003). Науката како занает. Скопје: Филозофски факултет.
Сикимић, Б. (2012). Тимски теренски рад Балкнолошког института САНУ. Развој истраживачких циљева и метода. Теренска истраживања ‒ поетика сусрета, 167–198. Уред. Милина Ивановић-Баришић. Београд: Етнографски институт САНУ.
Темков, К. (2011). Професионална етика. Кавадарци: Дом на културата „Иван Мазов – Климе“.
Фридман, В. (2011). Македонистички студии. Скопје: МАНУ.
Цветановски, Г. (2013). Методи и техники на теренските истражувања на јазикот. (необјавена скрипта – предавања на постдипломски студии Македонистика со комуникологија, Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје).
Закон за научноистражувачка дејност, Службен весник на Република Македонија 46/ 08, 103/08, 24/11, 80/12 и 24/13, http://mon.gov.mk/images/documents/zakoni/Закон_за_научно-истражувачката дејност_26-02-2016.pdf [пристапено на 08.06.2020]
Adamović-Topolčić, M. (1990). Etički aspekti terenskih istraživanja, Revija za sociologiju, 21 (2): 403–414.
Bahn, S. (2012). Keeping Academic Field Researchers Safe: Ethical Safeguards, Journal of Academic Ethics 10:83–91. https://doi.org/10.1007/s10805-012-9159-2
Bowern, C. (2015). Linguistic Fieldwork, A Practical Guide. London: Palgrave Macmillan.
Cohen, L., Manion, L. and Morrison, K. 2018. Research Methods in Education. London, New York: Routledge.
Čapo Žmegač, J. (2006). Etnolog i njegove publike: O restituciji etnografskih istraživanja. Etnologija bliskoga: Poetika i politika suvremenih terenskih istraživanja, 213–235. Ured. Jasna Čapo Žmegač, Valentina Gulin Zrnić i Goran Pavel Šantek. Zagreb: Institut za etnologiju i folkloristiku.
Eckert, P. (2014). Ethics in linguistic research, Research Methods in Linguistics, 11–26. Eds. Robert J. Podesva and Devyani Sharma. Cambridge University Press.
Gold, R. L. (1958). Roles in sociological field observation. Social Forces, 36: 217–223. https://doi.org/10.2307/2573808
Halilovich, H. (2008). Etika, Ljudska prava i istraživanje: Etnografija u posljeratnoj Bosni i Hercegovini. Narodna umjetnost, 45(2): 165–190.
Ilić, V. (2015). Planiranje primene metoda posmatranjau društvenim naukama. Issues in Ethnology and Anthropology, 10 (2): 287–309. https://doi.org/10.21301/eap.v10i2.1
Israel, M. and Hay, I. (2006). Research Ethics for Social Scientists. London: Sage Publications.
Rollin, B. E. (2006). Science and Ethics. Cambridge University Press.
Samarin, W. J. (1967). Field Linguistics: A Guide to Linguistic Field Work. New York: Holt, Rinehart and Winston.
Tomašević, L. i Jeličić, A. (2012). Etika znanstvenog istraživanja i načelo opreznosti, Filozofska istraživanja 32 (2): 243–260.
Vaux, B. and Cooper, J. (2003). Introduction to Linguistic Field Methods. München: LINCOM Europa.
Wolcott, H. F. (1999). Ethnography: A Way of Seeing. Lanham, New York: Altamira Press.