ВЛИЈАНИЕТО НА ЛЕКТИРИТЕ СО ИСТОРИСКА СОДРЖИНА ОД ПЕРИОДОТ НА ВЛАДЕЕЊЕТО НА ТУРЦИТЕ ОСМАНЛИИ И РЕЦЕПЦИЈАТА НА УЧЕНИЦИТЕ (КВАНТИТАТИВНА И КВАЛИТАТИВНА АНАЛИЗА)

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Ајлин Карахасан

Апстракт

Во овој труд ги претставувам резултатите од истражувањето на лектирите во наставните програми по македонски јазик и литература во средните училишта и нивното влијание врз знаењето на учениците за „културата на Другите“, односно на припадници на заедниците во Република Северна Македонија. Главната цел на истражувањето е да се посочи улогата на нас­тавната интерпретација на лектирите во развивањето емпатија, разбирање на другите, различните од себе, во поттикнувањето дијалог и интеракција меѓу учениците од различна националност. Студијата, истовремено, заземa критички став кон сопствената и кон туѓата култура и традиција, потенцирајќи ја важноста на преиспитувањето и на личната трансформација, а со цел препознавање на идентитетските претстави, на етничките и на верските стереотипи и предрасуди кај себе и кај другите, што би обезбедило механизми за нивното надминување во училишната практика. Дополнително, студијата настојува да ги согледа заедничките, универзалните, општочовечките хумани вредности што придонесуваат за надминувањето на разликите и за препознавање на вредностите што се содржани во хуманистичката димензија на книжевните дела што се предмет на анализа. Во овој контекст, преку анализа на стереотипите и на индивидуалните ситуации, се настојува да се укаже на можностите за оформувањето на карактерот на учениците во духот на културата што се залага за меѓуетничка толерантност.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Апостолски, М. (ур). (1969). Историја на македонскиот народ - од предисториско време до крајот на XVIII век, книга прва.Скопје: Нова Македонија.
Петроска-Бешка, В. (1995). Конфликти: што претставуваат и како се разрешуваат. Скопје: Филозофски факултет.
Ротенберг, В. (1997). Дистервег за учителот. Скопје: Ѕвезда.
Тодорова, М. (2012). Преведувањето за деца како меѓукултурна комуникација. Скопје: Вермилион.
Штајнбергер, И. и Кузмановиќ , Б. (1985). Психологија. Скопје: Просветно дело.

Fera, V. e Martelli, M. (1998). Agnolo Poliziano: poeta, scrittore, filologo: atti del Convegno internazionale di studi, Montepulciano 3-6 novembre 1994. Firenze: Le lettere.
Weeks, D. (1994). The Eight Essential Steps to Conflict Resolution: Preseverving Relationships at Work, at Home, and in the Community. London: Tarcher Perigee.

Извори

Абаџиев, Ѓ. (1961). Пустина. Скопје: Македоника.
Попов, С. (1966). Крпен живот. Скопје: Наша книга.
Пoпов, С. (1987). Калеш Анѓа. Скопје: Наша книга.
Чернодрински, В.(1969). Македонска крвава свадба. Скопје: Просвета