ВЛИЈАНИЕТО НА ПРИМЕНЕТИОТ ТЕАТАР ВРЗ РАЗВОЈОТ НА ПУБЛИКАТА

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Маја Ристиќ

Апстракт

Главната цел на трудoт е да се укаже на важноста на применетиот театар што се изведува надвор од класичниот однос на изведбата на сцена пред публика во театарска зграда. Улогата на применетиот театар е многу покомплексна и е насочена кон засилување на критичкото размислување и на самодовербата на маргинализираните социјални групи во заедницата, развивање креативни процеси во образованието со вклучувањето драма во едукацијата на учениците од основните и од средните училишта. Трудот укажува на функционалноста и на вредноста на сите техники што ги користи применетиот театар за да влијае врз формирањето нова театарска публика преку активности за анимација. Основната хипотеза во овој труд е да се докаже дека формите на применетиот театар влијаат врз развојот на културните потреби на публиката, како и дека, запознавајќи се со формите
на применетиот театар, публиката развива длабоко позитивен став кон театарот. Во трудот ќе се користи интердисциплинарен теориски метод, што подразбира употреба на следниве теории: теоријата на применетиот театар од Патрик Павис, Јакоб Леви Морено, Аугусто Боал; теориите за публиката
и за рецепцијата на уметнички дела на Викторија де Александер, Дарко Лукиќ, Маја Ристиќ, Предраг Огњеновиќ. Исходот од целото истражување треба да обезбеди теориски, но и практичен увид во можностите што ги нуди применетиот театар за развој на публиката во театарот.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Culture

Референци

Alexander, de V. (2007). Sociology of the Arts. Belgrade: Clio.
Boal, A. (2000). The Theatre of the Oppressed. Belgrade: Prosveta.
Brook, P. (1995). The Empty Space. Belgrade: Lapis.
Cruz - Cohen, J. 2010. Engaging Performance: Theatre as call and response. London and New York: Routledge.
Damjanov, J. (2016). Psychodrama is not theater in the usual sense of the word, theater is not psychodrama. Scene, 1-6, Novi Sad: Sterijino pozorje.
Dikić, M. and Jočić, A. (2020). Guide through the creative drama process. Belgrade: Bazzart.
Dragićević, Š.M. (2012). Art and Alternative. Belgrade: Clio.
Grotowski, J. (2009). Towards a Poor Theatre. Belgrade: Lirica Studio.
Hadžić, A. (2019). Introduction: About trauma. In T. Mirović and M. Tomašević (eds.). Proceedings. Trauma our story. Belgrade: Center for Scheme Therapy.
Ikonomova, V. (1980). The Influence of the Audience on Contemporary Forms of the Theater. PhD Dissertation. Beglrade: Faculty of Dramatic Arts.
Jelić, A. (2015). Are you up for the game? Theater for Life or Manual for Drama Process Management. Belgrade: Center for Theater Research.
Jevtović, V. (1992). Poor Theater. Belgrade: Institute for Theater, Film, Radio and Television, FDA.
Lukić, D. (2016). Introduction to Applied Theater – whose is theater. Zagreb:Academy of Dramatic Arts/ Leykan international.
Moreno, L.J. (2016). The Life of Genius. 22 september, Serbia RTV Vojvodina.
Mrđa, S., Marjanović, M. (2020). Cultural participation of Serbian citizens. Belgrade: Institute for the Study of Cultural Development.
Ognjenović, P. (1996). Psychological Theory of Art. Belgrade: Faculty of Philosophy.
Pavis, P. (2004). Glossary of Theater. Zagreb: Academy of Dramatic Arts/Center for Dramatic Arts.
Ristić, M. (2014). Musical Audience. Belgrade: Andrejević Endowment.
Ristić, M. (2016). Psychodrama vs the healing power of theater. In M. Nikolić (ed.). Proceedings of the Faculty of Dramatic Arts, No. 29. Belgrade: Institute of Theater, Film, Radio and Television.
Ristovski, Lj. (2017). Creating the identity of the theater. Novi Sad: Theater Museum of Vojvodina, Association of Professional Theaters of Vojvodina.
Selenić, S. (2002). Drama Directions of the 20th Century. Belgrade: Institute of Theater, Film, Radio and Television.