ФУНКЦИИТЕ НА ПАРАДИГМИТЕ СО ИМАИ Н/Т-ПАРТИЦИП ВО ГРАДСКИОТ ВЕЛЕШКИ ГОВОР

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Давор Јанкулоски

Апстракт

Глаголскиот систем на македонскиот јазик е еден од најбогатите и од најразвиените во рамките на словенскиот јазичен свет. Од една страна, македонскиот јазик во својата структура ги чува наследените словенски карактеристики, но, од друга, во својот систем вградил особености мотивирани од непосредниот контакт со другите балкански јазици. Тој е единствениот словенски јазик што во својот систем ги вградил перифрастичните конструкции со има и н/т-партицип како регуларни парадигми. Овие конструкции се разгрануваат во цела паралелна конјугација со сите други сложени глаголски форми. Покрај тоа, македонскиот јазик не ги отфрлил наследените конструкции со сум и л-формата, туку сè повеќе ги поместувал во модалната сфера на употреба. Употребата на има-конструкциите е карактеристична за југозападното македонско наречје, а гледајќи од денешна перспектива, зема сè поголем замав во современиот македонски јазик. Овој текст се осврнува на состојбата на конструкциите со има во рамките на говорот на градот Велес, како дел од централните говори на западното македонско наречје. Во фокусот на интерес е поставена функционално-семантичка анализа на овие конструкции, особено наспроти конкурентните парадигми со сум и л-формата.

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Linguistics

Референци

Велковска, С. (1998). Изразување на резултативноста во македонскиот стандарден јазик. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“. [Velkovska, S. (1998). Izrazuvanje na rezultativnosta vo makedonskiot standarden jazik. Skopje: IMJ “Krste Misirkov“]
Видоески, Б. (1998). Дијалектите на македонскиот јазик, т. 1. Скопје: МАНУ. [Vidoeski, B. (1998). Dijalektite na makedonskiot jazik, t. 1. Skopje: MANU.]
Видоески, Б. (2000). Текстови од дијалектите на македонскиот јазик. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“. [Vidoeski, B. (2000). Tekstovi od dijalektite na makedonskiot jazik. Skopje: IMJ “Krste Misirkov“]
Гајдова, У. (2002). Темпоралната карактеристика на финитните глаголски конструкции во југоисточните македонски говори. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“. [Gajdova, U. (2002). Temporalnata karakteristika na finitnite glagolski konstrukcii vo jugoistočnite makedonski govori. Skopje: IMJ “Krste Misirkov“]
Конески, Б. (1982). Јазични белешки за приказните од Солунско од збирката на Верковиќ. Прилози МАНУ: Одделение за лингвистика и литературна наука, VII (1), 21–35. [Koneski, B. (1982). Jazični beleshki za prikaznite od Solunsko od zbirkata na Verkoviḱ. Prilozi MANU: Oddelenie za lingvistika i literaturna nauka, VII (1), 21–35.]
Конески, Б. (1999). Граматика на македонскиот литературен јазик. Скопје: Култура. [Koneski, B. (1999). Gramatika na makedonskiot literaturen jazik. Skopje: Kultura.]
Корубин, Б. (1985). Перфектот и конструкциите со сум и со има во врска со местото на клитиките. II научна дискусија (Охрид, 19–21 август 1975), Семинар за македонски јазик, литература и култура, 95–99. [Korubin, B. (1985). Perfektot i konstrukciite so sum i so ima vo vrska so mestoto na klitikite. II naučna diskusija (Ohrid, 19–21 avgust 1975), Seminar za makedonski jazik, literatura i kultura, 95–99.]
Лаброска, В. (2002). Перфектот во кичевскиот и во битолскиот говор (форми и функции). Славистички студии 10, 219–228. [Labroska, V. (2002). Perfektot vo kičevskiot i vo bitolskiot govor (formi i funkcii). Slavistički studii 10, 219–228.]
Лаброска, В. (2008). Кичевскиот говор. Скопје: ИМЈ „Крсте Мисирков“. [Labroska, V. (2008). Kičevskiot govor. Skopje: IMJ “Krste Misirkov“.]
Минова-Ѓуркова, Л. (2007). Граматика на македонскиот стандарден јазик за странци. Скопје. / Liljana Minova-Gjurkova, L. (2007). Grammar of the Standard Macedonian Language for Foreign Speakers. Skopje. [Minova- Gjurkova, L. (2007). Gramatika na makedonskiot standarden jazik za stranci. Skopje.]
Петрова-Џамбазова, С. (уред.) (2007). Така се зборува во Велес. Штип: 2-ри Август С. [Petrova-Džambazova, S. (ured.) (2007). Taka se zboruva vo Veles. Štip: 2-ri Avgust S.]
Тополињска, З. (1995). Македонските дијалекти во Егејска Македонија, кн. I, Синтакса I. Скопје: МАНУ. [Topolinjska, Z. (1995). Makedonskite dijalekti vo Egejska Makedonija, kn. I, Sintaksa I. Skopje: MANU.]
Тополињска, З. (2007). Полско-македонски: граматичка конфронтација. Развиток на граматичките категории. Скопје: МАНУ. [Topolinjska, Z. (2007). Polsko-makedonski: gramatička konfrontacija. Razvitok na gramatičkite kategorii. Skopje: MANU.]
Фридман, В. А. (2009). Делото на академик Виктор Фридман. уред. В. Стојчевска-Антиќ, едиција Македонија во светската наука. Скопје: Абакус Комерц. [Fridman, V. A. (2009). Deloto na akademik Viktor Fridman. Ured. V. Stojchevska-Antiḱ, edicija Makedonija vo svetskata nauka. Skopje: Abakus Komerc.]

Markovikj, M., Topolińska, Z. (2016). An insight into the history of Balkan Slavic languages Macedonian perspective. Linguistica Copernicana, vol 13, 35-65. http://dx.doi.org/10.12775/LinCop.2016.002