ЧУДНОТО И КОМИЧНИОТ ЕФЕКТ ВО РОМАНОТ НЕВИДЛИВИОТ ЧОВЕК НА Х. Џ. ВЕЛС
##plugins.themes.bootstrap3.article.main##
Апстракт
Во трудов ќе се дефинира терминот „чудно“ и ќе се дадат примери за комичните ефекти коишто потенцијално произлегуваат од него во романот Невидливиот човек ([1897] 2010) на англискиот писател Херберт Џорџ Велс.
„Чудното“ може да се дефинира како она што отскокнува и што не припаѓа на вообичаениот, секојдневниот и рутинскиот тек на нештата, и како она што е спротивно на нормираното и на социјално пропишаното (воспитување, однесување, очекување). Комичниот ефект што произлегува од она што е чудно може да се дефинира како неочекувана реакција на нешто сериозно, кое е претставено на комичен начин.
Чудното во Невидливиот човек се препознава во изгледот на главниот лик на странецот Грифин, во неговите гестови, движењата на телото и репликите кон другите ликови. Во овој роман на Велс, како роман во кој се обединети комичното и сериозното, смешното и ужасното – чудното, стравот и страшното не постојат изолирано од комичното и од бизарното. Сите овие елементи се составен дел на структурата на романот, во кој се претставени сцени на чудни и необични настани, појави, ликови и дејства кои имаат комичен ефект.
Комичните сцени, или сцените кои предизвикуваат комичен ефект, служат како авторска постапка или механизам за постепено и рамномерно градење или развивање на неизвесноста, која кулминира со неочекуван пресврт кон крајот на романот.
Downloads
##plugins.themes.bootstrap3.article.details##
Copyright © 2014 Blaže Koneski Faculty of Philology, Skopje
Journal of Contemporary Philology (JCP)
Современа филологија
Референци
Велс, Х. Џ. (2010). Невидливиот човек. Прев. Драган Серафимовски. Скопје: Ѓурѓа. [Vels, H. Dž. 2010. Nevidliviot čovek. Prev. Dragan Serafimovski. Skopje: Ġurġa].
Капушевска-Дракулевска, Л. (1998). Во лавиринтите на фантастиката. Скопје: Магор. [Kapuševska-Drakulevska, L. 1998. Vo lavirintite na fantastikata. Skopje: Magor].
Урошевиќ, В. (1988). Демони и галаксии. Скопје: Македонска книга. [Uroševič, V. 1988.
Demoni i galaksii. Skopje: Makedonska kniga].
Beiderwell, B. (2005). The Grotesque in Wells’s The Invisible Man. In Bloom, H. (ed.). H.
G. Wells, 115–125. Philadelphia: Chelsea House Publishers.
Cantor, P. A. (2005). The Invisible Man and the Invisible Hand: H. G. Wells Critique of Capitalism. In Bloom, H. (ed.). H. G. Wells, 99–113. Philadelphia: Chelsea House Publishers.
Cole, S. (2020). Inventing Tomorrow: H. G. Wells and the Twentieth Century. New York: Columbia University Press.
Hammond, J. R. (1979). An H. G. Wells Companion – a guide to the novels, romances and short stories. London and Basingstoke: Macmillan Press LTD.
McConnell, F. (1981). The Science Fiction of H. G. Wells. New York, Oxford: Oxford University Press.
Sirabian, R. (2005). The Conception of Science in Wells’s The Invincible Man. In Bloom,
H. (ed.). H. G. Wells, 81–97. Philadelphia: Chelsea House Publishers. Todorov, C. (2010). [1970]. Uvod u fantastičnu književnost. Službeni glasnik.