РИТУАЛОТ НА ЖРТВУВАЊЕ И ЕКОНОМИЈАТА НА НАСИЛСТВОТО (низ примери од македонските народни легенди и опусот на марко цепенков)

##plugins.themes.bootstrap3.article.main##

Катица Ќулавкова

Апстракт

Митската и историската меморија се двете лица на истата стварност. Народното предание потсетува дека зад големите епски херои и митски подвизи стојат големи трагедии. Зад големите дела на културата се кријат потресни човечки и национални приказни. Колективната меморија на Маке­дон­ците е сензибилна, па умее не само да ги идеализира туку и да ги демистифицира историските личности и настани. Во македонската народна традиција се зачувани бројни легенди, приказни и песни во коишто се евоцира мотивот на жртвување, како во неговата архаична ритуална форма (заѕидување жива жена во темелите на мостовите) така и во неговите феудални форми на социјална и културна политика. Притоа, вниманието ќе биде свртено кон преданијата за Крале Марко (1335–1395) и за Марковите кули запишани од Марко Цепенков (1829–1920). Во овој текст се прави основна класификација на насилството (нужно наспроти ненужно насилство).

Downloads

Download data is not yet available.

##plugins.themes.bootstrap3.article.details##

Рубрика
Literature

Референци

Вражиновски, Т. (1983). Македонски народни преданија. Скопје: Институт за фолклор „Марко Цепенков“.
Конески, Б. (2010). Поезија. Скопје: МАНУ.
Ќулавкова, К. (прир.). (2008). Црни овци. Антологија на светскиот расказ. Скопје: Детска радост/Просветно дело.
Ќулавкова, К. (2009). Насилството и цивилизацијата. Во К.Ќулавкова. Демонот на толкувањето, 21-52. Скопје: МАНУ.
Цепенков, М. (1980). Преданија. Во К. Пенушлиски (ред.). Македонски народни умотворби (во десет книги). Скопје: Македонска книга / Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

Girard, R. (2002). La violence et le sacré. Paris: Hachette. [Online] Available from: https://www.les-crises.fr/wp-content/uploads/2015/02/le-bouc-emissaire.pdf
[Аccessed: August 15th, 2019]
Sophie's Choice. (1982). Directed by Alan J. Pakula. [DVD].
Styron, W. (2010). Sophie's Choice. New York: Open Road Media. [Online] Available from: https://www.worldcat.org/title/sophies-choice/oclc/712026142 ISBN 1936317176 [Аccessed: August 15th, 2019 ]
Yourcenar, M. (2016). Nouvelles orientales. Paris: Gallimard. [Online] Availablе from: http://excerpts.numilog.com/books/9782072698279.pdf [Аccessed: August 15th, 2019]