НАЗИВИТЕ НА ДИВИ ЖИВОТНИ, ЛАЗАЧИ И ИНСЕКТИ ВО МАКЕДОНСКИТЕ ДИЈАЛЕКТИ

Аутори

  • Vlatko Simjanovski Institute of Macedonian Language „Krste Misirkov“ “Ss. Cyril and Methodius” University Skopje Macedonia , , Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје, Македонија , , ,

Кључне речи:

дијалекти, семантичка категорија, диви животни, лексикологија, назив, дијалектна територија, фонетски особености, значење на зборовите, архаизми, синоними, лексичка разнообразност

Апстракт

Предмет на анализа и обработка во статијата е лексичко-семантичката група со наслов Називите на диви животни, лазачи и инсекти во македонските дијалекти, од аспект на фонетско, лексичко и зборообразувачко рамниште, како и одделното поимање на одделните називи и нивната распространетост на целата македонската дијалектна територија. Со целокупната анализа се укажува на разликите и сличностите од аспект на фонетските, лексичките и зборообразувачките карактеристики, мотивирани од основниот стандарден назив за одделниот тип на диво животно или инсект. Со спроведената анализа на стандардните називи за оваа лексичко-семантичка група на зборови, дадени се и компаративни и етимолошки елементи поврзани со другите словенски и несловенски јазици, преку кои се утврдуваат основата и потеклото на одделниот назив како и неговата определба кон точно определена класа, род и вид. Со самата обработка се анализираат и одредени синонимни групи или лексички разнообразности во одделни дијалектни подрачја, преку кои се откриваат творечките и имагинативни особености на македонскиот народен говорител како и истовремената појава на словенска и несловенска лексема за еден назив во одреден дијалектен пункт. Со лексичката обработка, претставени се и архаични форми кои се без континуитет во распространувањето со друга дијалектна територија и кои се отсутни од литературниот јазик, a можат да се сретнат во соседните или во далечните словенски јазици. Со целокупната анализа претставени се и одделни митолошки верувања поврзани со одделните животни, проткаени и измислени од народниот говорител и од неговата способност и творечка моќ на поимите и на појавите да им доделува називи, преку кои се изразени специфичните особености и карактеристики на одделниот вид. 

##plugins.themes.default.displayStats.downloads##

##plugins.themes.default.displayStats.noStats##

##submission.downloads##

Објављено

2019-10-25

Број часописа

Рубрика

Савремена друштва у области културе, језика и књижевности