ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК

Автори

  • Marija Leontić University of Stip, Macedonia , , Универзитет „Гоце Делчев“,Филолошки факултет, Штип, Македонија , , ,

Клучни зборови:

македонски, турски, реченица, подмет, прирок, предмет, прилошка определба.

Апстракт

Македонскиот и турскиот јазик имаат специфични карактеристики на граматичките структури на реченицата. Во македонскиот и во турскиот јазик конститутивен член на реченицата е прирокот, но неговото место е различно. Местоположбата на прирокот во македонскиот јазик e релативно слободна, а во турскиот јазик иако има извесна слобода најчесто се стреми кон крајот на реченицата. Во најголем број случаи со прирокот се јавува подметот, кој ја диктира формата на прирокот. Подметот и во обата јазика обично се јавува на почетокот на реченицата. Како неопходен реченички член во реченицата се јавува предметот кој во македонскиот јазик е релативно слободен во однос на збороредот, а во турскиот јазик обично се наоѓа на средината на реченицата. Пр. мак. Јасмина наслика слика. / Јасмина слика наслика. (подмет: Јасмина; прирок: наслика; предмет: слика) / тур.Yasemin resim çizdi. (подмет: Yasemin; предмет: resim; прирок: çizdi). Неопходен реченичен член е и прилошката определба која во турскиот јазик секогаш се наоѓа пред прирокот, а во македонскиот зависно од видот може да се наоѓа и пред и по прирокот.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2019-10-25

Издание

Секција

Проучување на говорот. Лингводидактика

Како да се цитира

ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК. (2019). Филолошки студии, 11(2), 90-104. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/517

Најчитани трудови од истиот автор(и)