НЕШТО ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД АНОНИМНИОТ ТЕСТ СПРОВЕДЕН КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД VI ОДДЕЛЕНИЕ ВО ШТИПСКО

Autor(i)

  • Marija Grkova Ph.D. candidate at Ss. Cyril and Methodius University in Skopje, Macedonia , , докторант на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Македонија , , ,

Ključne riječi:

морфологија, менливи зборови, шесто одделение, тестирање, вежби

Sažetak

Морфолошките особености на менливите зборови се застапени во наставните програми преземени од Бирото за развој на образованието по предметот македонски јазик. Целна група на истражувањето ќе бидат учениците од VI одделение во Штипско. Со оглед на тоа што менливите зборови за првпат се усвојуваат во шесто одделение, според наставните програми по предметот македонски јазик, тестирањето ќе биде спроведено кај овие ученици, сметајќи дека темата им е усвоена. За таа цел, ќе подготвиме наменски составен тест по македонски јазик што ќе содржи вежби во кои ќе бидат застапени морфолошките особености на менливите зборови, усвоени дотогаш. Вежбите ќе бидат целосно или делумно преземени од актуелните учебници по предметот македонски јазик во наставата, но и од други извори од научната и од стручната литература за македонскиот јазик. Пред спроведувањето на тестот, преку анонимна анкета, ќе го утврдиме бројот на ученици со кои ќе располагаме за време на тестирањето. Целта на овој труд е, преку анализата на добиените резултати од учениците од VI одделение, во Штипско, да се види колку тие ги имаат усвоено морфолошките особености на менливите зборови и во која мера се појавуваат евентуалните јазични грешки кај нив.

Preuzimanja

Podaci o preuzimanjima još nisu dostupni.

Preuzimanja

Objavljeno

2019-10-20

Broj časopisa

Rubrika

Jezikoslovlje. Glotodidaktika

Najčitaniji članci istog autora / istih autora