ГРАМАТИЧКА СТРУКТУРА НА РЕЧЕНИЦАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ И ВО ТУРСКИОТ ЈАЗИК
Ключевые слова:
македонски, турски, реченица, подмет, прирок, предмет, прилошка определба.Аннотация
Македонскиот и турскиот јазик имаат специфични карактеристики на граматичките структури на реченицата. Во македонскиот и во турскиот јазик конститутивен член на реченицата е прирокот, но неговото место е различно. Местоположбата на прирокот во македонскиот јазик e релативно слободна, а во турскиот јазик иако има извесна слобода најчесто се стреми кон крајот на реченицата. Во најголем број случаи со прирокот се јавува подметот, кој ја диктира формата на прирокот. Подметот и во обата јазика обично се јавува на почетокот на реченицата. Како неопходен реченички член во реченицата се јавува предметот кој во македонскиот јазик е релативно слободен во однос на збороредот, а во турскиот јазик обично се наоѓа на средината на реченицата. Пр. мак. Јасмина наслика слика. / Јасмина слика наслика. (подмет: Јасмина; прирок: наслика; предмет: слика) / тур.Yasemin resim çizdi. (подмет: Yasemin; предмет: resim; прирок: çizdi). Неопходен реченичен член е и прилошката определба која во турскиот јазик секогаш се наоѓа пред прирокот, а во македонскиот зависно од видот може да се наоѓа и пред и по прирокот.
Скачивания
Загрузки
Опубликован
Выпуск
Раздел
Лицензия
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License