Филолошки студии
„Philological studies“ (FS) е меѓународно, двојно рецензирано, електронско, славистичко списание од областа на хуманистичките науки со потесен опсег на научни истражувања од: филозофија, литература, културна историја, лингвистиката. Секој број на списанието ги содржи следниве рубрики:
- Философско-културолошки проблеми
- Историја и филологија
- „Зборот“ во историско-културолошки контекст (споредбен аспект)
- Литературата во интеркултурен контекст
- Современото општество во културата, во јазикот и во литературата
- Проучување на говорот и лингводидактика
- Рецензии и информации
„Philological studies“ е резултат на заедничката работа на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Љубљана (Словенија), Институтот за македонска литература на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Македонија), Факултет за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Загреб (Хрватска), Филолошкиот факултет на Универзитетот во Перм (Русија) и Институтот за книжевност и уметност во Белград (Србија).
Издавач: Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
„Philological studies“ е електронско списание со отворен пристап (DOAJ) до секоја објавена статија, што значи дека содржината е достапна целосно и бесплатно за индивидуални корисници или за институции. Корисниците можат да ги читаат, да ги преземаат, да ги копираат и да ги дистрибуираат објавените статии. Дозволено е и пребарување на статиите, како и нивно користење за други легални цели без претходно барање дозвола од издавачот или од авторот, а во согласност со Будимпештанската иницијатива на отворен пристап (BOAI).
Списанието излегува два пати годишно. Во него се објавуваат научни трудови на: македонски, српски, руски, словенечки, хрватски и англиски јазик. Списанието прифаќа само оригинални статии, т. е. оние што веќе не се објавени на кој било јазик и што не се во процес на разгледување за објавување во други списанија. Авторите се носители на авторските права и ги задржуваат правата на објавување и на користење на статиите. Објавувањето во списанието е бесплатно.
Списанието „Philological studies“ е вклучено во следните бази на податоци: Централната и источноевропската онлајн библиотека (CEEOL), Aмериканската асоцијација за современ јазик (MLA), базата на EBSCO, на PROQUEST и на GALE, Рускиот индекс на научно цитирање (РИНЦ), Хрватскиот портал на научни списанија (Hrčak), COBISS.MK.
