ПОСТМОДЕРНИЗМОТ И СКЕПТИЦИЗМОТ ВО ВЕРОДОСТОЈНАТА ПРЕТСТАВУВАЧКА МОЌ НА ЈАЗИКОТ И ПИСМОТО

Avtorji

  • Jasmina Mojsieva-Gusheva Institute of Macedonian Literature, “Ss. Cyril and Methodius” University, Skopje, Macedonia , , Институт за македонска литература, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје, Македонија , , ,

Ključne besede:

јазик, писмо, веродостојно претставување, постмодернизам, Венко Андоновски, Ермис Лафазановски, Милорад Павиќ, Сретен Угричиќ, комуникација, арбитрарност на знакот, јазични игри, хиперреалност, енциклопедизам

Povzetek

Овој труд е посветен на проблематизирање на референцијалната функција на јазикот и писмото, поточно сомнежот во неговата веродостојност во однос на осознавањето и опишувањето на стварноста што е една од основните поетички карактеристики на постмодернизмот. Во трудот се зафаќаат повеќе сегменти од филозофските, книжевно-теориските и лингвистичките концепции и категории (на Платон, Лок, Витгенштајн, Дерида, Лакан, Лиотар Бодријар, Компањон и други мислители) како што се: теoриите на реалното сознание, односот на информацијата и смислата; широчината на смислата и значењата на симболите наспроти дефинираноста на знаците; концептот на арбитрарноста на знакот; произволноста на јазикот и зборот; различните јазични игри; дерегулацијата на комуникацијата; кризата на идејата за енциклопедизмот како конечно и единствено сознание. Како илустрација на теориските тези користени се повеќе постмодернистички текстови (романите „Азбука за непослушните“ и „Папокот на светот“ на Венко Андоновски; романот „Опишувач“ на Ермис Лафазановски; романот „Хазарски речник“ на Милорад Павиќ и збирката раскази „Богот на јазикот и други раскази“ на Сретен Угричиќ) кои преку својата отвореност и непрецизност, се најсоодветни за објаснувањето на променливоста на смислата, за варијациите на концептот за вистинитоста, непогодноста на трите типа писмо за точно именување на работите; за непостојаноста на значењата на зборовите кои се само културолошки производ на разликите во трагите, што укажува на различните истории и контексти на нивната употреба. Интерпретативниот дел од трудот го имплицира принципот на споредбена анализа помеѓу дела од македонската и српската книжевност.

Prenosi

Podatki o prenosih še niso na voljo.

Objavljeno

2019-10-20

Številka

Rubrika

Jezik v zgodovinsko-kulturološkem kontekstu

Kako citirati

ПОСТМОДЕРНИЗМОТ И СКЕПТИЦИЗМОТ ВО ВЕРОДОСТОЈНАТА ПРЕТСТАВУВАЧКА МОЌ НА ЈАЗИКОТ И ПИСМОТО. (2019). Filološke Pripombe, 14(1), 73-82. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/337

Najbolj brani prispevki istega avtorja(jev)

1 2 > >>