МАГИЧНИОТ РЕАЛИЗАМ И НЕГОВИТЕ РЕЛАЦИИ СО РЕАЛИЗМОТ
Кључне речи:
магичен реализам, реализам, логичност, трансцедентни искуства, интуиција, магија, амбиентално портретирање, чудесен детаљ, детализација на описи, барокното натрупување на зборови, причински-последователна фабула, разбиена фабула, директна социјална ангажираност, индиректна социјална ангажираност, јасен стил, двосмислено изразувањеАпстракт
Оваа статија се занимава со откривањето на суштината на магичниот реализам преку неговата релација со реализмот. Во неа се потенцирани разликите и сличностите на двете уметнички движења до кои се доаѓа преку детално изведената компаративна анализа. И двете движења се поврзани со категоријата на осознавањето, кои, подоцна, во зависност од методологијата што тие ја користат за да ги остварат целите и барањата, што ги упатуваат кон своите претставници, се развиваат во категории со различни својства. Опфатени се сегментите: метод за осознавање на стварноста, портретирање лик, опис, фабула, ангажираност, стил и др. Компаративната анализа доведе до следните резултати: Реалистите се потпираат врз логичкиот метод и рационализмот, додека магичнореалистичните писатели користат трансцедентни искуства, интуиција и магија; Реалистите портретирањето го изведуваат со помош на амбиентот, додека магичнореалистичните писатели користат портретирање со помош на некој инструментализиран чудесен детаљ; Реалистите користат детализација на описите, додека магичнореалистичните писатели користат техника на изразување која се состои од барокно натрупување на зборови; Kарактеристика на релизмот е цврстата, причинско-последователна и логички развиена фабула, додека во магичниот реализам фабулата честопати е разбиена и тешко се следи; Ангажираноста на писателот-реалист е директна, додека магичнореалистичните писатели отвораат реални проблеми, индиректно или по заобиколен пат; Стилот на реалистот се одликува со спокојниот тон на неговите фрази и со точно изразување што го ослободува од многу стилски украси, додека за магичнореалистичните писатели не е карактеристично јасното изразување, туку сè се одвива во некакво насетување, со двосмислени описи и толкувања на настани.
##plugins.themes.default.displayStats.downloads##
##submission.downloads##
Објављено
Број часописа
Рубрика
Лиценца
Philological studies © 2019. This work is licensed under a Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License