За списанието

Цел и опфат:

Ревија за социјална политика / Journal of Social Policy има за цел да ги унапредува критичките академски и јавни дебати за современите прашања од социјалната политика на локално, национално, регионално, европско и глобално ниво. Списанието објавува оригинални научни трудови на англиски јазик од сите области на социјалната политика и сродни интердисциплинарни полиња.

Списанието опфаќа теми поврзани со пазарите на труд, животниот стандард, социјалната заштита и социјалното осигурување, образованието, здравството, домувањето, семејната политика, социјалната помош, социјалните трансфери, сиромаштијата и социјалната исклученост, нееднаквоста, антидискриминацијата и пошироки прашања од социјалната правда и социјалниот развој.

Списанието прифаќа оригинални научни трудови, анализи на политики, компаративни студии и трудови кои ги истражуваат импликациите од социјалните политики и практики во различни социо-економски контексти. Посебен акцент се става на иновативни и на докази базирани истражувања со компаративна, регионална или меѓународна релевантност.

Списанието особено поттикнува интердисциплинарни и компаративни трудови кои се однесуваат на современите социјални предизвици и развојот на политиките во Југоисточна Европа во поширок европски и меѓународен контекст.

Вид на статии:

Списанието објавува: истражувачки трудови, прегледни трудови, компаративни студии, студии на случај, анализи на политики, анкетни трудови и рецензии на книги.

Историја на списанието:

Ревија за социјална политика / Journal of Social Policy е основана во 2008 година со цел да промовира научни, критички и на докази базирани анализи во областа на социјалната политика. Списанието ја продолжува традицијата на академски и стручни расправи започнати со претходното периодично издание „Социјална политика: списание за теорија и практика“, објавувано во Скопје во периодот од 1973 до 1985 година.

Од 2008 до 2011 година, списанието се објавуваше на македонски јазик. Помеѓу 2012 и 2021 година се издаваше во двојазично издание (македонски-англиски). Од 2022 година, трудовите се објавуваат на англиски или македонски јазик, со англиски апстракти за сите прилози.

Во периодот од 2008 до 2014 година, списанието беше ко-издавано од Филозофскиот факултет во Скопје и Фондацијата „Фридрих Еберт“. Од 2015 година, единствен издавач е Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од 2013 година на сите трудови и броеви им се доделуваат DOI идентификатори. Од 2024 година, списанието е хостирано на официјалната OJS платформа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје: https://journals.ukim.mk/index.php/socpol

ISSN: 1857-6052

E-ISSN: 1857-8977

ДОИ идентификатор (DOI) на Ревијата за социјална политика/Journal of Social Policy е: https://doi.org/10.37509/socpol