Нов менаџмент на социјалните услуги-меѓународни перспективи

Автори

  • Сузана Борнарова Institute of Social Work and Social Policy, Faculty of Philosophy, Ss Cyril and Methodius University in Skopje , Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37509/socpol19150011b

Клучни зборови:

социјални услуги, менаџмент, маркетизација, децентрализација, интеграција, деинституционализација

Апстракт

Системите на социјални услуги бележат значителен развој во изминатите неколку децении на меѓународ- но ниво. Овој развој е поттикнат од демографските промени поврзани со стареењето на населението, намалувањето на стапките на фертилитет, како и промените во семејната структура и слабеењето на капацитетите на семејството за неформална грижа. Ваквите околности придонесоа кон зголемување на потребата на населе- нието за различни социјални услуги, што бараше соодветен одговор од социјалните држави за да се одговори на овие потреби. Овој труд има за цел да даде краток преглед на овој од- говор. Имено, тој ќе се фокусира на основните трендови на меѓународно и европско ниво кои ги применува- ат социјалните држави во однос на менаџирањето на системите на социјални услуги, и тоа: резидуализација, маркетизација, децентрализација, интегрирана достава на услуги и деинституционализација.

Објавено

2019-12-02

Како да се цитира

Нов менаџмент на социјалните услуги-меѓународни перспективи. (2019). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 12(15), 11-24. https://doi.org/10.37509/socpol19150011b

Најчитани трудови од истиот автор(и)