ИНКЛУЗИВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ НА ДЕЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ
Клучни зборови:
инклузивно образование, деца со оштетен слухАпстракт
Основната интенција на овој труд е да се презентира и анализира дивергентноста на инклузивното образование на децата со оштетен слух.
Современите европски стандарди и модели на инклузивно образование на
учениците со оштетен слух предвидуваат иницирање и имплементирање на
иновации во образованието, согласно националниот контекст и востановената
дидактичка основа со традиција. Во таа смисла, наставниците чувствуваат
потреба од втемелување на соодветна инклузивна методологија, технологија
и стратегии во инклузивната практика. Значи, неопходно е да се иницираат
активности за образование на наставниците во редовните училишта, со цел
да се создадат најсоодветни модели на инклузивната практика за учениците
со оштетен слух.
За непречено реализирање на оваа цел, релевантните институции иницираат
и поддржуваат активности што значат поквалитетно и похумано образование.
Тоа подразбира обезбедување локална инфраструктура и координација на
професионалци за поддршка на редовните училишта во кои се вклучени деца
со оштетен слух и креирање на најсоодветен инклузивен модел на практика.
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.