Креирање политики за подобрување на пристапот до здравствените услуги на населението: Расчекор меѓу желбите и практичната примена

Автори

  • Владимир Лазаревиќ , Универзитет „Св Кирил и Методиј“ Медицински факултет Институт за социјална медицина, Скопје

Апстракт

Република Македонија од осамостојувањето во 1991 година негува социјален
здравствен систем кој е заснован врз начелата на сеопфатност, солидарност
и еднаквост. Здравствениот систем предоминантно се финансира преку
социјални придонеси од вработените граѓани, додека помал процент на
учество доаѓа преку централниот буџет. Примарна цел на ваквата организација
на здравствениот систем е да обезбеди целосна покриеност на населението
со здравствено осигурување преку рамномерна дистрибуција на товарот
во финансирањето низ различните слоеви население. Конечна цел е да се
заштитат граѓаните од дополнителни финансиски трошоци во моментот кога
ќе имаат потреба од здравствени услуги.

Преземања

Објавено

2020-07-10

Како да се цитира

Креирање политики за подобрување на пристапот до здравствените услуги на населението: Расчекор меѓу желбите и практичната примена. (2020). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 3(5), 423-438. http://194.149.137.236/index.php/socpol/article/view/2137