„Професионалноста и квалитетот на услугите на социјалните работници во службите за ментално здравје“

Автори

  • Славица Шекутковска , Специјалист по социјална работа во здравството и претседател на Здружението на социјални работници на град Скопје

Апстракт

Здружението на социјални работници на град Скопје е непрофитна,
невладина организација која своите активности ги насочува кон развивање на професионалните капацитети на социјалните работници и
дисеминирање на знаења што ќе им
овозможат да бидат во тек со најновите
достигнувања и методи на работа во
социјалната заштита. Активностите на
Здружението се од особено значење
заради порастот на социјалните и економските проблеми предизвикани со
процесите на транзиција кон пазарно и плуралистички ориентирано општество, кои доведоа до низа социјални проблеми кај граѓаните.

Преземања

Објавено

2020-07-10

Како да се цитира

„Професионалноста и квалитетот на услугите на социјалните работници во службите за ментално здравје“. (2020). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 3(5), 503-504. http://194.149.137.236/index.php/socpol/article/view/2147