МОДЕЛИ НА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И МАКРОПРАКТИКА НА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО ИМИГРАНТСКО НАСЕЛЕНИЕ: ОДГОВОР НА ПРЕДРАСУДИ, РАСИЗАМ И ДИСКРИМИНАЦИЈА

Автори

  • Сузана Борнарова Institute of Social Work and Social Policy, Faculty of Philosophy, Ss Cyril and Methodius University in Skopje , Институт за социјална работа и социјална политика, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37509/socpol1612117b

Клучни зборови:

имигранти, предрасуди, расизам, дискриминација, модели на социјална политика, макропрактика на социјална работа

Апстракт

Популацијата на имигранти и бегалци се зголемува со голема брзина насекаде низ светот. Оваа ранлива група од населението често се соочува со предрасуди, расизам и дискриминација и тоа се одразува врз меѓуетничките односи во земјите на дестинација. Како овие проблемиќе бидат надминувани во општеството зависи од идеологијата на која е заснована социјалната политика, како и од општо прифатените концепци за човечкиот диверзитет. Можните одговори на социјалната политика на нерамноправноста и дискриминацијата врз основа на овие критериуми се опишани во второто поглавје од трудот. Од друга страна, социјалната работа е професија која ја опслужува оваа ранлива група кога ќе се соочи со неа. Иако социјалната работа историски е инволвирана да дава помош на имигрантското население, професионалниот одговор често е лимитиран на микропрактиката на социјална работа и директното давање услуги на индивидуи и семејства. Оттука,посебен акцент во трудот ќе биде ставен на нагласување на важноста на методите на макрос оцијална работа кои се користат за унапредување на интеретничките односи,за надминување на предрасудите и дискриминацијата и почитување на човековите права. Застапувањето, лобирањето, развојот на локалната заедница и едукацијата во локалната заедница ќе бидат подетално разработени за да се нагласи нивната важност за значењето на социјалната работа не само на микро и мезо,туку, исто така, и на макро општествено ниво.

Преземања

Објавено

2016-12-01

Како да се цитира

МОДЕЛИ НА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА И МАКРОПРАКТИКА НА СОЦИЈАЛНА РАБОТА СО ИМИГРАНТСКО НАСЕЛЕНИЕ: ОДГОВОР НА ПРЕДРАСУДИ, РАСИЗАМ И ДИСКРИМИНАЦИЈА. (2016). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 9(12), 117-146. https://doi.org/10.37509/socpol1612117b

Најчитани трудови од истиот автор(и)