Намалување на дигиталниот јаз на пазарот на трудот: за повеќе е-инклузивни работни места

Автори

  • Боби Бадаревски Institute for Gender Studies, Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Институт за родови студии, Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Клучни зборови:

дигитална економија, род, е-инклузија

Апстракт

Стратешкиот документ Дигитална програма, како дел од стратегијата Европа 2020, го утврдува пристапот за развој на дигиталната економија. Стекнувањето на вештини заработење со ИКТ, односно дигитални вештини потребни за иновации и развој, се важен предуслов за развивањето на дигиталното општество. Таквите стратегии, за целни групи треба да го имаат населението кое претставува најранлив сегмент во општеството. Впрочем, лицата, посебно жените, коишто би имале најголема корист од употребата на ИКТ ,најчесто се лица кои се исклучени од можноста да ги искористат придобивките што ги нудат новите технологии. Студијата ги идентификува родовите релации во некои од клучните стратешки документи од областа на ИКТ во Република Македонија и Европската унија, и од родова перспектива ги испитува можностите и претпоставките на концептот на „е-вклучување” за поголемо учество на жените на пазарот на трудот, посебно во ИКТ секторот.

Преземања

Објавено

2012-08-31

Како да се цитира

Намалување на дигиталниот јаз на пазарот на трудот: за повеќе е-инклузивни работни места. (2012). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 5(9), 203-222. http://194.149.137.236/index.php/socpol/article/view/2397