ФЕНОМЕНОЛОГИЈА НА НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА. ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА

Автори

  • Љупчо Ристески Автор

ДОИ:

https://doi.org/10.37620/EAZ0970132r

Клучни зборови:

народна религија, мит, обред, Македонци

Апстракт

Проучувањето на еден многу значаен антрополошки проблем каков што е религијата претставува комплексен и сложен истражувачки предизвик. Имајќи ги предвид досегашните диференцирања на специфичните категории култура, сметаме дека е неопходно да се дефинираат и различните категории религиски системи. Се разбира, тука се задржуваме на категоријата религија што соодветствува на народната култура. Во етнолошката наука не постои дефинитивен консензус околу користењето на еден термин со кој треба да се опфати оваа специфична категорија. Митот, односно митското мислење се определувачките категории врз кои почива вкупниот систем на перцепирање и создавање на претставите на човекот за него и за светот. Во митовите се изнесени најсветите вистини за луѓето, за нивните предци, за нивната земја, така што е сосема разбирливо што овие фундаментални конституенти на идентитетот на луѓето се вреднуваат како свети вистини во свеста на луѓето и во нивните митски знаења и претстави.

Референци

Преземања

Објавено

2026-03-26

Издание

Секција

Статии/Articles

Како да се цитира

ФЕНОМЕНОЛОГИЈА НА НАРОДНАТА РЕЛИГИЈА. ПРИМЕРИ ОД МАКЕДОНСКАТА НАРОДНА ТРАДИЦИЈА. (2026). ЕтноАнтропоЗум, 7(7). https://doi.org/10.37620/EAZ0970132r

Слични трудови

1-10 од 42

Можете исто така да започнате напредно барање на сличности за овој труд.

Најчитани трудови од истиот автор(и)