ПЕРСПЕКТИВАТА НА НОВООСИРОМАШЕНИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Authors

  • Весна Димитриевска

Keywords:

новоосиромашените граѓани, општествената структура, статус и улоги

Abstract

Сиромаштијата е мултидимензионален феномен што одговара на извесни животни услови кои значат неможност да се учествува во општествениот живот на заедницата на која ѝ припаѓаме. Сиромашни имало, ги има и денес, насекаде во светот.

Повеќегодишните мерења и квалитативни анализи на сиромаштијата во Република Македонија, овозможија да ги идентификуваме основните профили на сиромашни граѓани.

Врз основа на мерењето и анализата на сиромаштијата во Република Македонија, може да говориме за три профила на сиромашни граѓани: традиционално сиромашни, хронично сиромашни и новоосиромашени граѓани.

Раководени од Милсовиот творечки опус, во овој труд сме фокусирана кон микросоциолошките истражувања поврзани со сиромаштијата во Република Македонија. Прифаќајќи го неспорниот факт дека секоја општествена појава на овој или оној начин е поврзана со општествената структура во трудот се анализирани новоосиромашените граѓани. Посебно внимание е посветено на нивниот статус и улога која ја имаат во Република Македонија.

Downloads

Published

2021-12-16

How to Cite

ПЕРСПЕКТИВАТА НА НОВООСИРОМАШЕНИТЕ ГРАЃАНИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА. (2021). Annual of the Faculty of Philosophy in Skopje, 74(1), 301-316. http://194.149.137.236/index.php/godzbo/article/view/2332

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 > >>