НЕКОИ АСПЕКТИ НА ТРАНЗИЦИЈАТА НА РОДНОСТА BO СВЕТОТ
Клучни зборови:
РОДНОСТ, РЕПРОДУКТИВНО ОДНЕСУВАЊЕ, РАЗВОЈ НА НАСЕЛЕНИЕТОАпстракт
Во овој труд компаративно е проследена родноста на ниво на свет, во временскиот период од 1975 до 2012 годииа. Анализата е заснована па податоците за вредностите на тоталните стапки на фертилитет (ТФР), при што ce користени податоци пубпикувани од страна на Обединетите нации. Резултатите од анализата посочуваат дека постои поврзаност помеѓу степепот на развиеност и репродуктивното однесување и родноста на населението во една држава. Високата родност најчесто кореспондира со нискоразвиените подрачја, a ниската родност, главно, ce сретнува во поразвиените делови од светот. Аграрните ниски приходни економии имаат повисоки стапки на родност отколку земјите кои имаат пазарно доминантни стопански економии. Meѓy позначајните фактори на влијание врз репродуктивното однесување на населението родноста на жената ce зајакнување нa статусот на жената, преку образованието и унапредување на човечкиот развој.