ЗАСТАПЕНОСТ НА КОМПОНЕНТИТЕ НА ЉУБОВ КАЈ СТУДЕНТИ СО РАЗЛИЧНО НИВО НА ЕМОЦИОНАЛНА СВЕСНОСТ
ДОИ:
https://doi.org/10.37510/Клучни зборови:
СГЕРНБЕРГ, ТЕОРИЈА НА ЉУБОВТА, ИНТИМНОСТ, СТРАСТ, ПОСВЕТЕНОСТ, ЕМОЦИОНАЛНА СВЕСНОСТ, ПОЛАпстракт
Наспроти верувањето дека љубовта е мистична, магична и уникатна, многу теории ce обиделе da ja дефинираат и објаснат, како и да ги опишат различните видови љубов. Според триаголната теорија на Роберт Стернберг, љубовтa ce состои од три компоненти: интимност, страст и посветеност. Интимноста претставува чувство на блискост a поврзаност со партнерот како резултат на емоционалното инвестирање во врската. Страста, како мотивациска компонента, ce однесува на поривот кој ce чувствува кон партнерот пред ce заради сексуалната привлечност.
Посветеноста ce темели на рационалната одлука да ce остане со партнерот долго време и да ce одржува љубовта.
Различните комбинации на трите компоненти формираат различни видови на партнерска љубов.
Истражувањето прикажано во овој труд има цел дa ja утврди застапеноста на иаведените компоненти на љубовта кај студенти со различно ниво на емоционална свесност, различен пол и различна должина на партнерска врска. Испитаници беа 117 студенти на Филозофскиот факултет во Скопје (53 машки и 64 женски), на возраст од 19 до 26 Години.
Како мерни инструменти ce користени Триаголната скала на љубовта од Р. Стернберг и Прашалникот за емоционална свесност од К. Стајнер.
Резултатите покажуваат дека студентите со повисоко ниво на емоционална свесност воспоставуваат партнерски врски кои ce постабилни, додека оние со пониско ниво на емоционална свесност влегуваат во љубовна врска водени главно од страста. Во дистрибуцијаша на трите компоненти на љубовта ce забележува ист тренд кај машките и кај женските испитаници, со доминација на посветеноста, a во однос на нивото на застапеност на секоја од нив, не ce добиени значајни разлики помеѓу половите. Должината на партнерската врска претставува диференцијален фактор во две од трите компоненти на љубовта. Во согласност со очекувањата, ce покажа дека во подолгите врски доминира посветеност, додека страста е најмалку застапена.
Референци
Преземања
Објавено
Издание
Секција
Дозвола
Авторско право(c) 2007 Елена Ачковска Лешковска

Овој труд е лиценциран како Creative Commons Attribution 4.0 International License.