БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ: ОХРИДСКИ, ПРЕСПАНСКИ И БУГАРСКИ ДОГОВОР

Автори

  • Билјана Ванковска ,

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo2376375v

Клучни зборови:

Македонија, државност, устав, хридски рамковен договор, преспански договор, бугарски договор

Апстракт

Од Референдумот за независност во 1991 година до денес, македонската државност минува низ бројни политички трансформации од кои, како клучни, ги издвојуваме оние од 2001, 2017 и 2018/19 година. Овие точки на пресврт се однесуваат на решавање на идентитетски конфликти, внатре во земјата и со соседните држави. Хипотезата на овој труд е дека заменувањето на уставноста како темел на македонската држава со договорни односи, кои подоцна се конституционализираат, води до ерозија на државноста. Наместо Уставот да претставува релативно траен општествен договор на граѓаните во политичката заедница, трите договори го претворија во негова спротивност. Уставните промени настанати по пат на принуда и уцени, односно од позиција на моќ, по пат на меѓународно градење држава, постепено креираат сè послаба и понеуспешна држава. Таквата творба не може да се надева на инкорпорирање во Европската Унија, бидејќи идентитетските отстапки придружени со нефункционалност на државните институции резултираат со ефекти спротивни на базичните демократски императиви и на принципите содржани во Копенхагенските критериуми.

Преземања

Објавено

2023-12-16

Како да се цитира

БЕРМУДСКИОТ ТРИАГОЛНИК НА МАКЕДОНСКАТА ДРЖАВНОСТ: ОХРИДСКИ, ПРЕСПАНСКИ И БУГАРСКИ ДОГОВОР. (2023). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 76(1), 347-360. https://doi.org/10.37510/godzbo2376375v

Најчитани трудови од истиот автор(и)