ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ЕТНИЦИТЕТОТ И НАЦИОНАЛНОСТА

Автори

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/godzbo1972271v

Клучни зборови:

МАКЕДОНИЈА, ГРЦИЈА, СПОРОТ ЗА ИМЕТО, ЕТНИЦИТЕТ, НАЦИОНАЛНОСТ, ПРЕСПАНСКИ ДОГОВОР

Апстракт

Преспанскиот договор (ПД) склучен меѓу Атина и Скопје беше замис-
лен како конечно решение на „прашањето за името“. Но, спорот никогаш и
не беше само за државното име, што се потврди и со текстот долг 20 стра-
ници. Мноштво други одредби треба да се применат erga omnes (на меѓунаро-
ден и на домашен план). И покрај инсистирањето на надворешните медија-
тори дека прашањата на етницитетот, националноста, културата и јази-
кот не се предмет на спор, сепак, токму овие прашања станаа централни,
но се и Ахиловата пета на Договорот. Статијата не се занимава со концеп-
циските и теориските аспекти на етницитетот и националноста, но
тврди дека Договорот не само што ги регулира овие прашања туку и прет-
ставува правна интервенција во сферата на етничкиот и националниот
идентитет со импликации и за двата. Наместо конечно решение за еден
продолжен идентитетски конфликт, ПД симболично го преотвора старото
македонско прашање во нова форма со старата содржина. Оттука, тој не го
решава спорот, туку дополнително ја усложнува идентитетската безбед-
носна дилема.

Објавено

2019-12-16

Како да се цитира

ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ЕТНИЦИТЕТОТ И НАЦИОНАЛНОСТА. (2019). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 72(1), 257-282. https://doi.org/10.37510/godzbo1972271v

Најчитани трудови од истиот автор(и)