Оправдување за хуманитарните интервенции

Автори

  • Сергеј Цветковски Faculty of Philosophy, Ss. Cyril and Methodius University in Skopje , Филозофски факултет, УКИМ, Скопје

ДОИ:

https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871363c

Клучни зборови:

ХУМАНИТАРНА ИНТЕРВЕНЦИЈА, ЗАШТИТА НА ЦИВИЛИ, ХУМАНИТАРНО ПРАВО, ИСПРАВНА ПРИЧИНА, ПОСЛЕДНО СРЕДСТВО

Апстракт

Постои една сериозна дилема за тоа дали да се почитува меѓународната
норма, со која се забранува употребата на сила во внатрешните работи во форма
на интервенција или, пак, да се интервенира кога се работи за отворено и грубо
кршење на меѓународното хуманитарно право. Дилемата се изразува како кон-
фликт помеѓу легитимноста и легалноста (законитоста). Авторот го истражува
односот на легалноста и легитимноста, односно условите во кои легитимноста го
има приоритетот врз легалноста. Според начелото на легалноста, засновано на
чисто правни основи, интервенцијата не смее да се спроведува доколку не се испол-
нети сите правни услови. Но, според начелото на легитимноста, кое главно се зас-
нова на политички мотиви и морални поставки, спроведувањето на интервенција-
та е оправдано. Легалноста е определена со прецизно одредени правни норми, а леги-
тимноста е резултат на екстензивно сфаќање на правото и резултат од доктри-
нарни расправии и јавни мислења. Можностите и прифаќањето на фактот дека ху-
манитарната интервенција е употребена како оправдување за нелегална воена ин-
тервенција ја доведуваат во прашање моралната и легална поддршка за хумани-
тарната интервенција. Целокупната ситуација дополнително е замаглена од гле-
диштето за легитимноста, односно меѓународниот правен статус на силата која
ја спроведува или ја повикува хуманитарната интервенција. Останува подвоенос-
та на ставовите дали хуманитарната акција спроведена во форма на насилна ин-
тервенција или еднострана интервенција е нaдвор од легално прифатената Повелба
на ОН?!

Објавено

2018-12-16

Како да се цитира

Оправдување за хуманитарните интервенции. (2018). Годишен зборник на Филозофски факултет - Скопје, 71(1), 353-371. https://doi.org/10.37510/10.37510/godzbo1871363c

Најчитани трудови од истиот автор(и)

1 2 > >>