ИЗВИЦИТЕ ВО ЌОПИЌЕВИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Автори

  • Lidija Tanturovska Institute of Macedonian Language „Krste Misirkov“ “Ss. Cyril and Methodius” University Skopje Macedonia , , Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“, Македонија , , ,

Клучни зборови:

македонски јазик, извици, Ќопиќеви приказни за деца

Апстракт

Се определивме за темата извиците во Ќопиќевите приказни за деца на македонски јазик од неколку причини: 1. Бранко Ќопиќ е еден од најпознатите писатели за деца во поранешна Југославија; 2. Од совиолингвистички аспект, факт е дека неговите дела биле преведувани на многу јазици (на: руски, украински, полски, чешки, бугарски, унгарски и германски јазик), за разлика од што биле реткост оние што биле преведувани на македонски; 3. Извиците, како посебна зборовна група, се предмет на дискусија и во современите истражувања, како поради нивната класификација, така и поради нивната функционалносемантичка реализација; 4. Преку анализата на извиците од преведените приказни во петтата деценија од 20-тиот век може да се види синхрониската рамка на македонскиот јазик во тој период; и 5. Стилистички гледано, Бранко Ќопиќ е автор што ги употребува извиците во голема мера1 , не само во својата творечка дејност, туку и во својот индивидуален јазичен израз. Се анализирани 22 приказни на македонски јаик, каде што ексцерпираните извици се подредени по азбучен ред, општо поделени во три групи: извици што изразуваат чувства, извици што привлекуваат внимание и со кој се воспоставува контакт и извици што имитираат звуци. Од резултатите на извршената научноистражувачка работа се гледа оправданоста на изборот на темата.

Превземања

Податоците за превземање не се сè уште достапни.

Преземања

Објавено

2019-10-23

Издание

Секција

Современото oпштество во културата, јазикот и литературата

Како да се цитира

ИЗВИЦИТЕ ВО ЌОПИЌЕВИТЕ ПРИКАЗНИ ЗА ДЕЦА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК. (2019). Филолошки студии, 13(2), 299-311. http://194.149.137.236/index.php/philologicalstudies/article/view/425

Најчитани трудови од истиот автор(и)