Солидарен станбен фонд – потреба и перспектива

Authors

  • Живко Митревски , Сојуз на Синдикати на Македонија
  • Инда Костова Савиќ , Сојуз на Синдикати на Македонија

Abstract

Решавањето на станбеното прашање е решавање на едно од основните
егзистенцијални потреби на секој работник, граѓанин на Република
Македонија. Со Уставот, како и со потпишувањето на Европската социјална
повелба, Република Македонија ја прифати обврската за унапредување
на материјалната, правната и социјалната заштита на семејниот живот со
преземање соодветни мерки, како што е поттикнување на станбената изградба.
Со носењето на Законот за домување во 1998 година („Службен весник на
РМ“, бр. 21) се укина категоријата општествени станови и станот започна да
се третира како економска категорија. Со престанување на изградбата на
станови во општествена сопственостт, станбеното прашање се решаваше, и
се решава, според личните можности, најчесто со станбени кредити со високи
каматни стапки. Невработеноста и ниските плати дополнително негативно
влијаат врз опаѓањето на животниот стандард на граѓаните, а со тоа се
намалуваат можностите за обезбедување живеалиште. Неможноста да се
реши оваа животна потреба, за многу лица е една од основните причини,
посебно на младите, за заминување на работа во странство.
За Сојузот на синдикатите на Македонија домувањето претставува значаен
сегмент во изградбата на социјална држава, како што е декларирана
Република Македонија. Затоа, програмската стратегија на ССМ, меѓу другото,
е заложбата за водење соодветна станбена политика во државата, која има
силно влијание врз обезбедувањето на животниот стандард на работниците
и граѓаните на РМ.
Со цел да се придонесе во создавањето поповолни услови за решавање
на станбените прашања на работниците и граѓаните, а со тоа и да се
придонесе кон поголема мотивација и продуктивност во работењето, ССМ
покрена Иницијатива за формирање солидарен станбен фонд во Република
Македонија.

Downloads

Published

2010-08-04

How to Cite

Солидарен станбен фонд – потреба и перспектива. (2010). Ревија за социјална политика Journal of Social Policy, 3(6), 568-573. http://194.149.137.236/index.php/socpol/article/view/2156

Most read articles by the same author(s)