ПОВРЗАНОСТ НА НАСИЛНО ОДНЕСУВАЊЕ СО САМОПОЧИТУВАЊЕТО КАЈ УЧЕНИЦИТЕ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Abstract
Низ процесот на растење, а и во текот на целиот живот,
изложени сме на бројни влијанија од средината кои се одразуваат на
нашите размислувања и на однесувањето. Ефектите од тие влијанија
зависат од периодот на живот во кој поединецот се наоѓа, од
ситуациските фактори, од моќта на одделни фактори, како и од
особините на личноста. Евидентно е дека социјализацијата во
значајна мера го определува однесувањето на поединецот во групата.
Влијанието на врсниците е составен и значаен дел од растењето,
развојот, идентитетот на поединецот и формирањето на неговите
навики и однесување. Низ процесот на социјализација детето ги
стекнува своите вредности и ставови, прифаќа конструктивни и
деструктивни модели на однесување.
Downloads
Published
Issue
Section
License
The journal allows the author(s) to hold the copyright without restrictions.
The journal allows the author(s) to retain publishing rights without restrictions.