РАСТЕЊЕТО И ДУШЕВНИТЕ КРИЗИ КАКО ТЕМА ВО КНИЖЕВНОСТА ЗА ДЕЦА И ЗА МЛАДИ
Апстракт
Детството, како исклучителен период од развојот на секоја единка, во кое првично се доживуваат сите животни искуства, остава силен белег врз детската психа и токму затоа се наоѓа во центарот на вниманието на многу писатели за деца. Конкретно, оваа статија е посветена на сложените процеси на растење и на созревање, видена низ перспективата на писателите Џејмс Метју Бари и Јадранка Владова и нивните романи за деца „Петар Пан“ и „Гледалото зад огледалото“. Преку главните ликови Петар Пан и Маја (чиј однос кон растењето е сосема спротивен) е претставено градењето на детската душа, нејзиното карактерно оформување и некои од можните проблеми што се јавуваат во текот на тој процес. Петар Пан е симбол за момче, кое одбива да порасне бидејќи е задоволен од сопствената слобода и независност, но како и секое дете, истовремено копнее и по искрена мајчинска љубов и грижа. Спротивно на него, девојчето Маја, од романот на Владова, сака пребрзо да порасне за да се ослободи од осаменоста, да се стекне со право на избор и со чувство на сигурност што се среќава кај возрасните личности. Заедничко за двата лика е прераното напуштање на родителската закрила и грижа, пред нивното целосно созревање (кај Петар заради желбата за слобода, додека кај Маја поради зафатеноста на родителите). Ваквата околност на настаните доведува до проблеми во развојот на двата лика. Момчето Петар Пан никогаш не достигнува емоционална и когнитивна зрелост, додека девојчето Маја запаѓа во опасни делузии и фантазии од кои се ослободува кога, преку дружењето со своите врсници, сфаќа дека не треба да се брза во животот и да се преокупира со тешките проблеми на возрасните. Преку настаните опишани во овие романи авторите, всушност, ја остваруваат својата цел да предупредат за некои од можните проблеми што се јавуваат во процесот на растењето и суптилно да влијаат врз оформувањето на карактерите на кревките детски личности, нивните навики и начини на однесување и размислување.
Downloads
Референци
Barrie, James Matthew. (1928). Peter Pan. London: Hodder & Stoughton.
Betelhajm, Bruno. (2015). Značenje bajke [The meaning of a fairy tale]. Beograd-Podgorica: Nova knjiga. (In Serbian.)
Денкова, Јованка. (2011). Книжевност за деца. Штип: Универзитет "Гоце Делчев". [Denkova, Jovanka. (2011). Literature for children. Štip: University "Goce Delčev"]. (In Macedonian.)
Horan Keri. (2020). 12 činjenica koje verovatno niste znali o nastanku romana Petar Pan. Аvailable at: https://edenbooks.rs/elektronskeknjige/12cinjenicaonastankuromanapetarpankojeverovatno (In Serbian.)
Kajoa, Rože. (1978). Od bajke do naučne fantastike. Vo: Narodna bajka u modernoj kniževnosti [From fairy tales to science fiction. In: Folk Tale in Modern Literature]. Beograd: Nolit. (In Serbian.)
Kiley, Dan. (1983). The Peter Pan Syndrome-Men Who Have Never Grown Up. Аvailable at: https://www.scribd.com/doc/296466100/Dan-Kiley-The-Peter-Pan-Syndrome-Men-Who-Have-Never-Grown-Up-PDF
Mabij, Pjer. (1973). Ogledalo čudesnog [A mirror of the miraculous]. Beograd: Nolit. (In Serbian.)
Мицковиќ, Натка. (1985). Детето и литературата за деца. Скопје: Македонска книга. [Micković, Natka. (1985). Child and children's literature. Skopje: Makedonska kniga]. (In Macedonian.)
Мојсиева-Гушева, Јасмина. (2020). Магичен реализам. Нова објективизација на стварноста. Скопје: ИМЛ [Mojsieva-Gusheva, Jasmina. (2020). Magical realism. New objectification of reality. Skopje: IML]. (In Macedonian.)
Piaget, Jean (1948). Naissance de l’intelligence chez l’enfant. Neuchâtel: Delachaux & Niestlé.
Ridley, Rosalind. (2016). Peter Pan and the Mind of J. M. Barrie. An Exploration of Cognition and Consciousness. Cambridge: Cambridge Scholars Publishing.
Смиљанић, Вера, Толичич, Иван. (1987). Дечја психологија. Београд: Завод за уђбенике и наставна средства. [Smiljanić, Vera, Toličič, Ivan. (1987). Child psychology. Beograd: Zavod za uđbenike i nastavna sredstva]. (In Serbian.)
Стојановска-Друговац, Јованка. (2000). Бајка на животот. Скопје: ИМЛ. [Stojanovska-Drugovac, Jovanka. (2000). A fairy tale of life. Skopje: IML.] (In Macedonian.)
Todorov, Cvetan. (1987). Uvod u fantastičnu književnost [An introduction to fantastic fiction]. Beograd: Rad. (In Serbian.)
Урошевиќ, Влада (1988). Демони и галаксии. Скопје: Македонска книга. [Urošević, Vlada. (1988). Demons and galaxies. Skopje: Makedonska kniga]. (In Macedonian.)
Владова, Јадранка. (1999). Гледалото зад огледалото. Скопје: Детска радост. [Vladova, Jadranka. (1999). The look behind the mirror. Skopje: Detska radost]. (In Macedonian.)
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.