МАКЕДОНСКАТА ДЕТСКА ЛИТЕРАТУРА ВО XIX ВЕК
Апстракт
Во текстот ќе биде проследена појавата на првите детски творби во македонскиот литературен XIX век. Нивното значење, и покрај тоа што во нив отсуствуваат високи естетски вредности, е големо бидејќи покрај тоа што одговориле на потребите на времето, тие ни ја даваат можноста да го утврдиме континуираниот развој на македонската детска литература, која го има примарното значење за психичкиот, емотивниот и воспитниот развој на децата. Во последниве неколку години го бележиме интересот за детската литература, како од страна на авторите, така и од страна на издавачите, кои започнаа со преобјавување на дела. Со тоа само се потврдува универзалност на детската литература, со нејзините вонвременски теми и мотиви, кои се интересни, интригантни, привлечни, забавни, исполнувајќи ја нивната крајна функција, педагошката, насочување на детето кон подобрите животни принципи.
До периодот на просветителството интерес за детето отсуствува, освен осамените пројави од страна на Џон Лок, Јан Амас Коменски и Жан Жак Русо. Вистински интерес кон детето бил пројавен во времето на романтизмот. Во македонскиот културен развој е бележит интересот кон децата за време на просветителство, на почетокот на XIX век. Првите публикувани книги на народен јазик биле намената за возрасните, во кои истовремено ги насочувале и за подобро воспитување на децата. Првите автори на детски творби, меѓу низата нивни активности, биле и собирачи на народни умотворби и се занимавале со просветна дејност. Автори на досегаоткриените творби за деца се: Партенија Зографски, Јордан Хаџи Константинов Џинот, Григор Прличев, Евтим Спространов, Томо Смињаниќ Брадина, а ќе го забележиме и Марко Цепенков.
Downloads
Референци
Друговац, Миодраг. (1975). Македонски писатели за деца. Скопје: Македонска книга [Drugovac, Miodrag. (1975). The Macedonian writers for children. Skopje: Makedonska kniga]. (In Macedonian.)
Џинот, Хаџи Константинов, Јордан. (1987). Избрани страници. Приредил Блаже Конески. Скопје: Мисла [Đinot, Hađi Konstantinov, Jordan. (1987). Selected pages. Skopje: Misla]. (In Macedonian.)
Китевски, Марко. (1982). Злата чаша. Скопје: НИО "Студентски збор" [Kitevski, Marko. (1982). The gold glass. Skopje: NIO "Studentski zbor"]. (In Macedonian.)
Kokjara, Đuzepe. (1984). Folklor kао oruđe politike i nacionalnog dostojanstva u romantizmu. U: Istorija folklora u Evropi [Folklore as an Instrument of Politics and National Dignity in Romantic Period. In: History of Folklore in Europe]. Beograd: Prosveta. (In Serbian.)
Миладинов, Константин. (1980). Избор. Избор и предговор Гане Тодоровски. Скопје: Мисла [Miladinov, Konstantin. (1980). Selected works. Selection and introduction by Gane Todorovski. Skopje: Misla]. (In Macedonian.)
Миронска-Христовска, Валентина. (2004). Литературното дело на Евтим Спространов. Скопје: Институт за македонска литература [Mironska-Hristovska, Valentina. (2004). The Literary Work of Evrim Sprostarnov. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.)
Миронска-Христовска, Валентина. (2005). Просветителството во Македонија. Скопје: Институт за македонска литература [Mironska-Hristovska, Valentina. (2005). The Enlightenment in Macedonia. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.)
Пенушлиски, Кирил. (1981). Македонски фолклор. Скопје: Мисла [Penušliski, Kiril. (1981). Macedonian Folklore. Skopje: Misla]. (In Macedonian.)
Пенушлиски, Кирил. (1988). Одбрани фолклористички трудови. Скопје: Македонска книга [Penušliski, Kiril. (1988). Selected folklore works. Skopje: Makedonska kniga]. (In Macedonian.)
Поленаковиќ, Харалампие. (2007). Избрани дела 5. Скопје: Култура [Polenakovič, Haralampie. (2007). Selected works 5. Skopje: Kultura]. (In Macedonian.)
Прличев, Григор. (1993). Водач ме праќа татковината. Избор, поговор и коментари Наум Целакоски. Скопје: Матица македонска [Prličev, Grigor. (1993). A Guide Sends Me the Homeland. Selection of texts, discussion and commentary by Naum Celakoski. Skopje: Matica makedonska]. (In Macedonian.)
Прокопиев, Александар. (1997). Патувањата на сказната. Скопје: Магор [Prokopiev, Aleksandar. (1997). The Journeys of the Fairytale. Skopje: Magor]. (In Macedonian.)
Проп, Владимир. (1982). Морфологија бајке. Београд: Просвета [Prop, Vladimir. (1982). Fairytale Morphology. Beograd: Prosveta]. (In Serbian.)
Risojević, Ranko. (2019). Literatura za decu mora biti izvan prolaznosti vremena [Children’s literature must be beyond the passage of time]. Available at: https://www.subotica.info/2019/09/25/20ranko.risojevic-literatura-za-decu-mora-biti-izvan-prolaznosti-vremena
Саздов, Томе. (1970). Преглед на македонската народна проза. Скопје: Култура [Sazdov, Tome. (1970). Review of Macedonian Folk Prose. Skopje: Kultura] (In Macedonian.)
Спростарновъ, Евтим. (1896). Честити. София [Sprostranov, Evtim. (1896). Čestiti. Sofia]. (In Bulgarian.)
Спростарнов, Евтим. (1904-1905). Дѣтска забава 1-10. София [Sprostranov, Evtim. (1904-1905). Children's Amusement. Sofia. (In Bulgarian.)
Спространовъ, Евтим. (1904). Китка. Сѣръ. [Sprostranov, Evtim. (1904). Kitka. Serres]. (In Bulgarian.)
Спространовъ, Евтим. (1904). Почивка. София [Sprostranov, Evtim. (1904). Rest. Sofia]. (In Bulgarian.)
Спространовъ, Евтим. (1902). Приказки за дѣца. София [Sprostranov, Evtim. (1896). Fairytales for Children. Sofia]. (In Bulgarian.)
Спространовъ, Евтим. (1896). Разкази за дѣца. Пловдивъ: Печатница на Хр. Дановъ [Sprostranov, Evtim. (1896). Stories for Children. Plovdiv: Pečatnica na Xr. Danov]. (In Bulgarian.)
Стојановска-Друговац, Јованка. (2000). Бајка на животот. Скопје: Институт за македонска литература [Stojanovska-Drugovac, Jovanka. (2000). A Fairytale of Life. Skopje: Institut za makedonska literatura]. (In Macedonian.)
Тодоровски, Гане. (2004). Книга за Џинот. Скопје: Штрк [Todorovski, Gane. (2004). A book about Đinot. Skopje: Štrk]. (In Macedonian.)
Тодоровски, Гане. (2002). Книга за Прличев. Скопје: Штрк [Todorovski, Gane. (2000). A book about Prlichev. Skopje: Štrk]. (In Macedonian.)
Тушевски, Ванчо. (2000). Поетика и реторика на новата македонска книжевност – XIX век. Скопје: Менора [Tuševski, Vančo. (2000). Poetics and Rhetoric of the New Macedonian Literature – XIX Century. Skopje: Menora]. (In Macedonian.)
Vuković, Novo. Uvod u književnost za djecu i omladinu [Introduction to children and youth’s literature]. Podgorica: Unireks. (In Serbian.)
Авторски права (c) 2021 Valentina Mironska-Hristovska
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.