КУЛТУРНИТЕ ОКОВИ НА НОРМИРАНАТА ЖЕНСТВЕНОСТ НИЗ ОДРЕДЕНИ КНИЖЕВНИ И ФИЛМСКИ НАРАТИВИ

  • Ана Јовковска магистер по културолошки студии
Клучни зборови: популарна култура, феминизам, род, медиуми, репрезентација, сексизам, кодирање, декодирање

Апстракт

Современите предизвици на културата и родот во потрошувачкото општество се многубројни. Низ критички промислувања на одредени аспекти на репрезентација на жената во популарната култура ќе ја преиспитаме нејзината улога во општеството, барајќи ги експлицитните и сублиминалните сексистички пораки вградени во книжевниот и во филмскиот јазик. Истражувајќи ја хегемонијата на телото, објективизацијата на жената, културните окови на нормираната женственост, сексизмот, ќе се обидеме да ја пронајдеме родовата асиметрија во медиумската репрезентација и да ја нотираме релацијата со идеологијата на консумеризам и со масовната култура.

Декодирајќи ги родовите стереотипи, од една страна, и современите постфеминистички трансформации на женственоста, од друга страна, ќе ги преиспитаме родовите улоги во популарната култура поставувајќи ги прашањата: До кој степен книгите и филмовите за Бриџит Џонс и Жените од Степфорд им се спротивставуваат на мачоистиката, на сексистичка и на патријархална култура? Дали се тие бунт против родовата и структурната дискриминација на жените? Дали критиката во овие дела е јасна и експлицитна или, пак, во обидот да се детектираат родовите стереотипи, всушност, истите тие се легитимираат и се зацврстуваат? Дали се работи за субверзија, отпор или прифаќање, односно помирување со доминантните вредности на популарната култура и на маскулинистичкото општество? Низ полисемичното читање на текстовите ќе ги побараме новите значења, кои се создаваат во спрегата меѓу кодот и декодерот, во самата интеракција меѓу текстот, значењето, контекстот, рецепиентот и дискурсот. Производството на значењата се протега далеку пошироко низ процесите на продукција, размена и репродукција на културата.

Downloads

Download data is not yet available.

Референци

Анастасова, Сенка. (2012). Современа популарна култура – Теорија, културни студии, женска популарна култура. Скопје: Центрифуга [Anastasova, Senka. (2021). Contemporary Popular Culture – Theory, Culture Studies, Feminine Popular Culture. Skopje: Centrifuga]. (In Macedonian.)
Џепароски, Иван. (2007). Аспекти на другоста. Скопје: ЕВРО БАЛКАН Пресс [Džeparoski, Ivan. (2007). Aspects of Otherness. Skopje: EVRO BALKAN Press]. (In Macedonian.)
Џордан, Глен, Ведон, Крис. (1995). Културна политика – Класа, род, раса и постмодерниот свет. Скопје: Темплум, 2000 [Džordan, Glen, Vedon, Kris. (1995). Cultural Politics – Class, Gender, Race, and the Postmodern World. Skopje: Templum, 2000]. (In Macedonian.)
Ferguson, Marjorie. (1991). Media Culture and Society. London: SAGE.
Филдинг, Хелен. (1999). Бриџит Џонс – На работ на разумот. Скопје: Арс Ламина, публикации 2016 [Filding, Helen. (1999). Bridget Jones – The Edge of Reason. Skopje: Ars Lamina, publikacii 2016]. (In Macedonian.)
Филдинг, Хелен. (1996). Дневникот на Бриџит Џонс. Скопје: Арс Ламина, публикации 2016 [Filding, Helen. (1996). Bridget Jones‘s Diary. Skopje: Ars Lamina, publikacii 2016]. (In Macedonian.)
Мартиноска, Ана. (2018). Културна фабрика – Огледи за родот, градот и популарната култура. Скопје: Институт за македонска литература [Martinoska, Ana. (2018). Cultural Factory – Essays on City, Gender and Popular Culture. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.)
Мартиноска, Ана, Јакимовска-Тошиќ, Маја. (2019). Културата на распродажба – Консумеризмот и комерцијализацијата на културните продукти. Скопје: Институт за македонска литература [Martinoska, Ana, Jakimovska-Tošik, Maja. (2019). Culture on Sale: Consumerism and Commercialization of Cultural Products. Skopje: Institut za makedonska literature]. (In Macedonian.)
Martinoska, Ana, Jakimovska Toshich, Maja (Ed.). (2016). Popular Culture: Reading from Below. Skopje: Institute of Macedonian Literature
Саџани, Решма. (2019). Храбри наместо совршени. Скопје: Арс Либрис, 2020 [Sadžani, Rešma. (2019). Brave, but not perfect. Skopje: Ars Libris, 2020]. (In Macedonian.)
Tomic, Zorica. (2009). New$ Age. Beograd: Službeni glasnik.
Wolf, Naomi (2002). The Beauty Myth. New York: HarperCollins Publishers.
Објавено
2021-11-30
Рубрика
Современото oпштество во културата, јазикот и литературата