ИСТОРИСКАТА МЕМОРИЈА ЗА ВИЗАНТИСКАТА ЦАРИЦА ТЕОДОРА КАКО ОСНОВА ЗА ИНСПИРАТИВНО ПРЕСЛИКУВАЊЕ ВО КНИЖЕВНОТВОРЕЧКИ ДИСКУРС
Апстракт
Во овој труд компаративно се проследува трансмисијата од хронографските записи во Тајната историја, оставени од византискиот хроничар од VI век, Прокопиј Кесариски, во книжевнотворечкиот дискурс при пишување на романите Теодора и Пурпурната наметка од англиската авторка Стела Дафи. Целта е, да се толкува и интерпретира ликот на византиската царица Теодора главно преку родов аспект. Истражувањата покажуваат дека оваа царица со својот: иднивидуализам, бистар ум, храброст и евидентни лидерски способности успева од маргините на општеството да седне на тронот до византискиот император Јустинијан I. Во историската меморија токму вака е сочувана оваа византиска царица, доволно репрезентативна и инспиративна за пресликување во книжевнотворечкиот дискурс на авторката Стела Дафи. Во трудот ќе направиме подробна опсервација на владеењето на оваа византиска царица во чиј лик се инкорпорирани вистински лидерски атрибути, нетипични за периодот во кој живее, а од друга страна, во истиот тој лик ги согледуваме и ги анализираме никулците на феминистичката теорија.
Downloads
Референци
Ангеловска-Панова, М. (2010) Религиските формации и родовите идентитети [Religious formations and gender identities], Скопје : Селектор [Selector],
Велев, И. (2005) Византиско – македонски книжевни врски [Byzantine - Macedonian literary connections], Скопје : Авторско издание [Author's edition],
Дафи, С. (2021) Теодора [Theodora], Скопје : Матица [Matica],
Дафи, С. (2021) Пурпурната наметка [The Purple Shroud ], Скопје : Матица [Matica],
Дил, Ш. (1927) Византиске слике I [Byzantine paintings I] , Београд : Српска књижевна задруга [Serbian literary cooperative],
Кесариски, П. (2008) Тајната историја [The secret history]. Скопје : Ѓурѓа [George].
Коев, Т., Бакалов, Г. (1992) Въведение в християнството [Introduction to Christianity], София : Булвест [Boulevard],
Оболенски, Д. (1991) Византијски комонвелт [Byzantine Commonwealth], Просвета [Education] – СКЗ,
Серафимова, А.,Поповска-Коробар, В., Тричковска, Ј. , Машниќ, М. М. (2009) Христијански споменици [Christian monuments], УНЕСКО : Венеција и Управа за заштита на културното наследство [Administration for the Protection of Cultural Heritage],
Старделов, Г. (ур.), (2010/11) Ликовната уметност на почвата на Македонија од IX до крајот на XIX век [Fine art of the soil of Macedonia from the 9th to the end of the 19th century], кн. 20-21, МАНУ [Macedonian Academy of Sciences and Arts],
Brubaker, L. (2006) Gender and Society. The Age of Justinian, ed. By Michael Maas. Camridge University Press,
Cormack, R. (2003) Byzantine Art, Oxford : Oxford University Press,
Evans, J.A. (2005) The Emperor Justinian and the Byzantine Empire, Greenwood Press,
Evans, J. A. S. (2000) The Age of Justinian, Rotledge,
Herrin,J.(2000) The Imperial Feminine in Byzantium. Past and Present No. 169. Oxford University Press,
Hillner,J.(2007) Monastic Imprisonment in Justinianʼs Novels. Journal of Early Christian Studies 15/2. The Johnson Hopkins University Press,
James, L. (2009) Men, Women, Eunuch : Gender, Sex and Power. A Sosial History of Buzantium, ed. By J. Haldon. Blackwell,
Janson, J. W. (1975) Vizantiskaumetnost,Istorijaumetnosti(pp. 169-183), Jugoslavija,
McClanan, A. (2002) Representations of Early Byzantine Empresses, Palgrave Macmillan,
Rodley, L.(1996) Byzantine Art and Architecture: An Introduction, Cambridge University Press,
Авторски права (c) 2023 Marija Brndevska
Ова дело е лиценцирано под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution-NonCommercial-NoDerivatives 4.0.
Авторите во списанието претставуваат оригинални дела врз основа на резултатите од сопственото истражување. Лицата кои дале значителен придонес во трудот се наведуваат како коавтори. Заедно со статијата, авторите (и коавторите, доколку ги има) треба да достават пополнет образец за пријава на трудот (Paper Submission Form), со кој се потврдува согласноста на авторот за објавување на трудот.
Списанието прифаќа научни трудови кои претходно не биле објавени. Не се прифаќаат трудови кои во голема мера ги повторуваат претходно објавените трудови на авторите. Повторувањето подразбира и компилација – текст составен од фрагменти од објавена монографија или голем број на претходно објавени статии. Плагијатот не е дозволен, како и прекумерното цитирање на туѓи трудови (една третина или повеќе од целиот труд). Сите цитати, цитирани извадоци и материјали мора да имаат цитирани автори и извори. Ако уделот на туѓиот труд е преголем, се препорачува да се скратат цитатите и да се зголеми обемот на оригиналниот текст.
Авторот треба да ги има сите потребни дозволи за користење на позајмените материјали и материјалите на други автори што ги користи во својот труд (илустрации и слично). Авторот гарантира дека статијата не содржи информации што не подлежат на објавување во отворен печат, вклучувајќи ги и оние што содржат или претставуваат доверливи информации.
Во списокот на литературата се вклучени само делата цитирани во трудот, како и линковите за страниците и изворите од кои е цитирано доколку станува збор за извори од интернет. На авторот му се препорачува да ги наведе во текстот изворите на финансиска поддршка на спроведените истражувања и стипендиите, доколку ги имало. Исто така, може да се изрази благодарност и до колегите кои придонеле или помогнале околу работата на текстот, а кои не се коавтори.
Со доставувањето на ракописот и образецот на апликација до редакцијата, авторот официјално се согласува со објавувањето на неговиот труд во „Филолошки студии“. Авторите се носители на авторски права и ги задржуваат сите права за објавување и користење на статијата. Авторите имаат право да ја повлечат статијата во кое било време до моментот на објавување на сајтот, со тоа што претходно за тоа, по писмен пат, треба да ја известат редакцијата на списанието.
Статиите се објавуваат бесплатно. Содржината е достапна под лиценцијата Creative Commons Attribution-Noncommercial-No Derivative Works 3.0 Unported License.
Издавачка Етика
Редакција
Сите трудови доставени до Редакцијата ги читаат прво нејзините членови и соработници за да се утврди дали се однесуваат тие на релевантната проблематика и дали одговараат на форматот на списанието. Редакцијата на „Филолошки студии“ гарантира дека разгледувањето на доставените трудови и нивните рецензии не зависат од: комерцијални интереси, пол, националност, верски убедувања, политички ставови и други фактори. Единствениот критериум при изборот е академското ниво на трудот.
Во зависност од рецензијата, статијата може веднаш да се прати за објавување, да биде отфрлена или испратена до авторот за измена и за доработка. Во случај на несогласување со забелешките на рецензентот, авторот има право да ги оправда своите ставови. Доколку од рецензентите се добиени контрадикторни мислења, текстот се упатува на трет рецензент или конечната одлука се заснова на гласање на членовите на Редакцијата, по одделното разгледување.
Рецензенти
Статиите испратени до Редакцијата минуваат процес на двојно анонимно рецензирање. Имињата на рецензентите не треба да му бидат познати на авторот на статијата и обратно. Рокот за рецензирање е три-четири седмици. Рецензентите можат да бидат членови на Редакцијата и автори на списанието што објавувале претходно во него. Онаму каде што е неопходно, за рецензенти се назначуваат специјалисти од други: организации, градови и земји.
Рецензентите треба да бидат специјалисти за предметно-тематската област на која се однесува статијата. Редакцијата треба да спречи каков било судир на интереси во врска со дадениот научен труд и со неговиот автор.
Рецензентот е должен да им обрне внимание на членовите на Редакцијата за секоја суштинска сличност или поистоветување меѓу ракописот што се рецензира и која било друга публикација што му е позната. Рецензентот, исто така, е должен да го држи во тајност трудот што му е доверен, да не го пренесува на трети лица ракописот што му е доверен нему за рецензија и пред објавувањето на публикацијата да не ги објавува информациите содржани во него.
Рецензентите треба да дадат објективна, непристрасна и аргументирана процена на трудот. Забелешките треба да бидат формулирани коректно, така што оценувањето на трудот се однесува само на текстот на статијата и на неговата содржина. Рецензијата треба да биде напишана добронамерно, а наведените забелешки имаат за цел да им помогнат на авторите да ги коригираат утврдените недостатоци и да ја подобрат статијата пред да биде објавена таа на веб-страницата на издавачот и пред да биде достапна за пошироката публика.